Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро советиПравилен избор на јуници за приплод

    Правилен избор на јуници за приплод

    petel baner

    Честа дилема на фармарите е како да се изберат правилни јуници за приплод.

    Сериозните фарми воопшто не продаваат женски телиња , бидејќи сите здрави женски телиња се користат за обновување на стадото.

    Периодот од раѓањето до 6-те месеци, е најважниот период, како во иднина би се добила квалитетна и економски одржлива јуница за приплод. Покрај доброто одгледување, генетиката е исто така многу битна.

    Најважната задача на секој сточар, кој се занимава со одгледување на телиња, е да посвети посебно внимание на првата година од животот на телето. Бидејќи сите грешки и неуспеси што се направени во овој период не можат да се корегираат подоцна.

    Познато е дека приплодните јуници се основа за успех во понатамошното производство на млеко. Подобрувањето на производството во фармите за говеда се базира главно на квалитетот на приплодните потомци (јуници) кои ќе ги заменат кравите.

    При репродукцијата, најбитен е квалитетниот избор на телиња, кои ќе останат за приплод. При изборот на телиња за приплод, од суштинско значење е да се испита потеклото на животното. Под потекло, се претпоставува следново:

    – податоци за карактеристиките на таткото и мајката (две / три генерации назад)

    – млечноста на сите женски предци, нивна оценка и класа.

    По проценка на потеклото, се преминува на избор на екстериерот на јуницата. Јуницата се гледа во целост, дали е добро градена, дали има правилен став, силни екстремитети. Треба да има правилна линија на грбот и да е доволно долга.

    Одгледување на приплодни јуници

    На големите фарми, се практикува слободно држење на јуниците, без врзување. Предностите на овој начин на одгледување се :

    • Правилно им се развиваат органите за варење и скелетот
    • Грлата се во добра физичка кондиција
    Исхрана на приплодните јуници

    Тие се групираат според возраста и тежината и секоја група добива посебен оброк. Постигнувањето максимален пораст со минимално складирање на маснотиите е примарна цел при исхраната на јуниците.

    Кога составувате оброк за приплодните јуници, мора да се внимава на следново:

    • Вкупната употреба на сува материја во исхраната не смее да надминува 2,7% од телесната тежина на јуницата ( на пр. На јуница со тежина од 220 килограми, оброк ќе и биде луцерка со тежина од 6,5 кг за посакуваниот прираст од 0,8 кг дневно).
    • Оброк кој содржи само сено од луцерка, содржи протеини кои се и повеќе од потребната количина за внес, а количината на енергија која се добива е помала од потребната. Затоа, неопходно е да се замени сеното од луцерка со некои високо-енергетски храни.

    Клучниот период кај приплодните јуници е периодот на развој на млечната жлезда, кој се јавува помеѓу 3 и 9 месеци, кога млечното ткиво расте 3 пати побрзо од телото. Ако во овој период, на јуниците им се даваат високо-енергетски оброци, масното ткиво во вимето ќе се акумулира со последователно инхибиторен ефект врз развојот на млечните жлезди. Сето ова доведува до намалување на лактацијата кај јуницата во првиот и секој последователен период на лактација и доаѓа до товен стерилитет.

    Практични совети за правилно одгледување на приплодни јуници

    На 15-18 месечна јуница, се врши вештачко оплодување, а тежината на јуницата при вештачкото оплодување, треба да биде помеѓу 380-420 килограми односно 60% од тежината на возрасната крава.

    Првото телење на јуницата треба да биде кога јуницата има помеѓу 24-27 месеци и телесна тежина 500-550 килограми. Тежината на телото по телењето, треба да изнесува 80-85% од тежината на возрасните крави.

    Agrobot

    Дневниот прираст на приплодните јуници треба да изнесува 750-850 грама, а пред оплодувањето треба да се подобри нивната исхрана.

    Најчестите грешки направени од одгледувачи на стока се да оплодат јуници со пониска телесна тежина, а потоа да ги хранат поинтензивно за да достигнат одредена телесна тежина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Поради тоа, добиваат јуници, кои ја губат телесната тежина при телењето, а потоа и има принос при лактацијата.

    Избегнете ги овие првични грешки и ќе бидете задоволни со постигнатото.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img