Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ЗабаваЗимница: Полнети пиперки со зелка

    Зимница: Полнети пиперки со зелка

    Направете ја оваа вкусна зимница по едноставен рецепт за кој ви се потребни само четири состојки: пиперки, зелка, вода и сол.

    Потребни состојки:

    3-4 кг зелка
    5-6 кг пиперки
    5 литри вода
    150 г сол

    Начин на подготовка:

    Зелката исчистете ја, односно отстранете ги горните листови и отсечете им го тврдиот дел. Пресечете ги на половина па потоа исечкајте ги многу ситно односно изрендајте ги. Ренданата зелка ставете ја во поголем плех.

    Од пиперките отстранете ги петелките и семето, па ставајте ги во голем сад со вода за убаво да ги измиете. Исцедете ги.

    Во еден поголем сад ставете малку рендана солка, посолете у убаво со рацете истискајте. Повторете ја постапката со преостанатата зелка. Откако убаво ќе го истискате со раце оставете го да отстои околу еден час за да омекне. За целата зелка доволни се две лажици сол.

    Откако пиперките ќе се исушат, во секоја ставете малку сол и одложете ги во голема тепсија. Оставете ги и нив да отстојат еден час и да омекнат. Со оваа постапка се прескокнува подварувањето и на тој начин се сочувува витаминот Ц.

    Солило:

    Во 5 литри вода ставете 150 г сол и мешајте додека да се растопи. Пиперките убаво полнете ги со ренданата зелка и редете ги во пластично буре, сад или тегли. Ако ви остане зелка наредете ја како еден слој помеѓу пиперките.

    Солилото промешајте го и прелијте го преку пиперките. Поклопете со потиснувач. Затворете и оставете 15 дена, а потоа можете да ги консумирате.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img