Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ЗабаваКако се вика страв од јаболката? Зошто лебдат во вода? Која сорта е најслатка?

    Како се вика страв од јаболката? Зошто лебдат во вода? Која сорта е најслатка?

    Без разлика дали е слатко или кисело, јаболката со векови е кралица на овошјето. Октомври е нивниот месец, а ние ви пренесуваме неколку интересни факти за нив.

    Октомври е месец на јаболкото, кое се смета за кралица на овошјето. Нејзиниот ден се слави насекаде низ светот, некаде на 20-ти, некаде на 21-ви октомври. И како да не биде кога таа е омилена на сите. 

    Плодот содржи малку калории, но многу витамини, најмногу витамин Ц.

    Овошјето со средна големина има 95 калории и задоволува до 15 проценти од нашите потреби за влакна. Се користи во гастрономијата и народната медицина уште од античко време. Освен за слатко, се користи и за подготовка на кисела зимница, сосови, колачи, сокови, желеа и солени јадења. 

    Овие 20 интересни факти за јаболката сигурно не сте ги знаеле! 

    1. Кина е најголемиот производител на јаболка и таа земја има 63,63 отсто од светското производство на ова овошје.
    2. Во 2021 година во Европската унија се произведени околу 4 милиони тони, што е за 13 отсто повеќе од 2020 година. 
    3. Полска е на прво место по извоз на јаболка во ЕУ, а потоа следат Италија и Франција.
    4. Најголемиот овоштарник со јаболка, Chazy Orchards првично бил засаден во 1920 година и историски е дом на најголемиот овоштарник со јаболка Мекинтош во светот.
    5. Најскапи се  јаболкото Black Diamond чиј плод се продава по цена од 7 до 20 долари и јапонското Секаи Ичи за 21 долар.
    6. Најслатко е јаболкото Фуџи, кое спаѓа во групата на највкусни покрај Honeycrisp, Pink Lady, Ambrosia и Cox’s Orange Pippin.
    7. Sweet Tango е најкрцкаво. Неговите клетки се поголеми и тоа му дава совршен звук при јадење. Поради ова, со своите 79,1 децибели го освои и Гинисовиот рекорд за најгласно крцкање.
    8. Во светот постојат 7.500 сорти на ова овошје.
    9. Тие потекнуваат од областа помеѓу Каспиското и Црното Море и биле омилено овошје на старите Грци и Римјани.
    10. Најтешкиот плод тежел 3 килограми.
    11. Една јаболкница од семе може да живее 100 години.
    12. Сортата Лејди или Апи се смета за најстара. 
    13. Тие пливаат во вода, бидејќи воздухот сочинува 25 проценти од овошјето.
    14. Имаат 5 до 6 семиња кои содржат малку цијанид.
    15. Александар Македонски ги донел во Европа од неговото патување во Казахстан каде нашол џуџести јаболка.
    16. Нејзиното дрво може да порасне од 1,8 до 5 m високо.
    17. За создавање на еден плод потребни се 50 листови кои го снабдуваат со храна.
    18. Цветовите на јаболката се симбол на женската убавина, а плодот е симбол на здравјето, љубовта и плодноста.
    19. На кинескиот јазик зборот пинг значи јаболко, но и мир.
    20. Малусдоместикафобија е името за стравот од јаболка.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img