Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаситеБамја – вкусна и лековита

    Бамја – вкусна и лековита

    petel baner

    Бамја – со оглед на сите лековити својства што ги поседува овој вкусен зеленчук, треба почесто да се најде на нашето мени.

    Бамјата била одгледувана уште од страна на античките народи на Блискиот Исток, од каде што е пренесена на Балканот, Западна Европа и САД. Кај сите словенски народи, единственото име на овој вид зеленчук е бамја, и е со арапско потекло, а се смета за типичен ориентален зеленчук.

    Најмногу се одгледува во Турција, Бугарија, Грција, Македонија, а од поранешните југословенски простори, застапена е во Босна, односно во Херцеговина.

    Во поголемиот дел од Македонија (централниот и источниот), бамјата има долга традиција на одгледување. Сепак, во споредба со другите зеленчуци, не е доволно застапена во исхраната. Кај нас попознати сорти се „цариградска” („султанија”), „црвена бамја” и др. Гурманите ја сметаат за деликатес и специјалитет.

    Нејзините необични плодови имаат пријатен, необичен вкус и мирис. Се користат како свежи или исушени за подготовка на различни јадења (особено за македонскиот специјалитет турлитава). Може да се замрзнат, исушат или конзервираат во сол. Како замена за кафе, може да послужат зрелите семиња, кои се исушени, а потоа се печат и мелат.

    Во народната медицина од листовите и стеблата се прават лековити напитоци против пролив и за намалување на шеќер во крвта.

    Agrobot
    Бамјата е богата мешунка која изобилува со растителни влакна кои се битни за одржување на здравото ниво на холестерол во крвта.

    Таа содржи разни витамини и минерали, особено витамини од групата Б, како што се фолната киселина, витамин Б1, Б2. А,собено и витамин Б6 (една просечна порција бамjи содржи 10% од потребните дневни потреби на витамин Б6).

    Бамјата содржи полисахариди што го подобруваат протокот на крвта и делуваат стимулативно. Таа е преполна со антиоксиданти, а особено со епоикатехин, катехин, рутин и кварцетин. Рутинот им обезбедува цврстина на малите крвни садови, а кварцетинот е добар за дишните патишта.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во кулинарството бамјата е ценета поради содржината на слузни нискокалорични материи, кои одлично ги згуснуваат чорбите и сосовите. Од свежите плодови се прават каши, супи, турлитава, ѓувеч, мусака и разни други јадења. Таа одлично „се согласува” со разни видови на месо.

    Покрај здравствените придобивки, бамјата е одлична за подготовка на разни сосови и супи бидејќи содржи желатонски сок кој добро се меша со готвените јадења.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img