Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ЗабаваЗошто некои кучиња јадат трева?

    Зошто некои кучиња јадат трева?

    Зошто некои кучиња јадат трева? – Ќе видите многу кучиња како јадат трева. Тоа е наследство кое кучињата го сочувале од своите предци како волкот и лисицата кои ги јаделе се што можеле да најдат.

    Бидејќи овие животни биле главно тревопасни животни, тие, хранејќи се со оваа храна, јаделе и поголема количина на растенија. Значи, кучињата кои јадат трева го јадат она што всушност би го изеле под природни услови, но во малку поинаква форма.

    Друго објаснување е дека кучињата често повраќаат откако ќе консумираат трева. Имено, некои кучиња имаат проблеми со стомакот, па со јадење трева си ги олеснуваат маките. Тие може да имаат чувствителен стомак и може да имаат паразити или да немаат одредени дигестивни ензими.

    Некои кучиња, од друга страна, едноставно сакаат да јадат трева.

    Добро е да се знае дека јадењето трева не е невообичаена појава. Не е загрижувачки доколку кучето не ја јаде во големи количини. Ако покрај тревата јаде и низа други работи кои не се јадат, посетете го ветеринарот бидејќи може да се работи за нарушување во однесувањето.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img