Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

More
    домаситеЗошто е добро да се јаде млад кромид секој ден?

    Зошто е добро да се јаде млад кромид секој ден?

    Млад кромид го има насекаде и штета е да не ја искористите приликата бидејќи е богат со витамини и минерали, а одличен е и за заштита на здравјето. Има антибактериски својства, па затоа штити од воспаленија, помага при настинки, а одличен е и за подобрување на варењето.

    Зелениот дел од младиот кромид не треба да се фрла бидејќи содржи состојки кои се одлични за нашето здравје.

    Постојат многу причини да јадете млад кромид секој ден, еве само неколку од нив:

    Го штити срцето

    Кромидот е полн со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетување предизвикано од слободните радикали.

    Покрај тоа, го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од згрутчување на крвта.

    Добар е за видот

    Овој зеленчук штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеини во очите, одговорни за добар вид.

    Луѓето на кои им недостасува овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу три проценти од дневната потреба за витамин А.

    Ги зајакнува коските

    Витаминот Ц и К, со кои е богат кромидот, се добри за заштита на коските.

    Само еден млад кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу два отсто од витамин Ц.

    И двете се важни за густината на коските, како и за нивната цврстина. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.

    Го намалува холестеролот

    Посебно е важен зелениот дел од младиот кромид кој некои го фрлаат, а подобро би било да го изедат. Освен што го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, помага и за регулирање на нивото на шеќер во крвта.

    Ја прави кожата поубава

    Кромидот му помага на телото да произведе колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на појавата на брчки на лицето и го има во многу креми.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img