Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Monday, December 5, 2022

More
    домаАгро ЗабаваПапрат - необично собно растение

    Папрат – необично собно растение

    Папрат како растение потсетува на многу дамнешни времиња, но и денес е исклучително популарно во домовите и работните простори.

    Папратот добро успева и во простории каде што нема многу природно светло, ја сака влагата. Чувајте го секогаш на влажно место.

    Во лето залевајте го 2 пати седмично, додека во зима еднаш седмично и внимавајте температурата да не падне под 10°C. По можност, во текот во летото редовно оросувајте го, а во текот на зимата, ако е во просторија каде што е сув воздухот (поради централно греење) сметајте го тоа за задолжително. Влагата во воздухот може да се зголеми на тој начин што растението ќе се посади во пластична саксија и да се стават каменчиња во подлошката.

    Во текот на годината може да ја удвои својата големина, па затоа на секои две седмици прихранете го со вода во која сте додале течно ѓубриво за лисести растенија.

    Пресадете го во рана пролет. Тогаш може и да ги одвоите младите растенија кои се закорениле покрај матичните растенија. Едноставно нежно одвоите ги со корените и посадете ги во посебна саксија.

    Ако листовите се кршливи и кревки, недостасува влажност. Одрежете ги листовите на неколку сантиметри од земјата и добро залевајте ги. На тој начин, ќе израснат млади листови.

    Понекогаш доаѓа до мутација на младите листови, па одеднаш кај папратот може да се појави лист кој не е назабен. Таквиот лист одрежете го, за да не станат сите листови глатки и неназабени.

    Папратот поседува долга историја на популарни билки.

    Најчесто поставен на балконите и на јужната страна. Сепак постојат и видови на папрат кои поседуваат способност да растат во сенка. Папратот се препорачува на сопствениците на домови кои не сакаат да потрошат големи пари на овлажнувачи на воздух, бидејќи овие билки се однесуваат исто како во природата и испуштаат влага преку процесот на испарување.

    Сепак, покрај можноста да го подобри вашето здравје, оваа билка претставува вистинско освежување на декорот во домот. Можете да засадите папрат во висечки саксии и да оставите неговите гранки слободно да паѓаат или да ги поставите во помали саксии сместени на вашата работна маса, за да можат овие преубави билки да ви овозможат испирација и мотивација додека работите на своите проекти.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img