Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ЗабаваСируп од ловоров лист против кашлица

    Сируп од ловоров лист против кашлица

    Со овој вкусен природен сируп од ловоров лист можете да ја излечите кашлицата и на телото да му ја вратите енергијата.

    Овој сируп од ловоров лист е многу вкусен така што неговата консумација нема да ви биде непријатна.

    Потребно е:

    – 6 ловорови листови

    – 2,5 дцл вода

    – 6 лажици шеќер (најдобро да користите кафеав шеќер)

    – 1 лимон

    Постапка:

    Затоплете ја водата. Додадете го ловоровиот лист и варете со затворен капак од 6-10 минути. Извадете ги ловоровите листови, ставете ја течноста во сад во кој ќе го приготвите сирупот, па додадете го шеќерот и исцедете го лимонот, промешајте добро за да се стопи шеќерот. Земајте по една лажичка неколку пати дневно. Секој пат кога ќе ве нападне интензивна кашлица земете по една лажичка.

    Напомена:

    Сирупот од ловоров лист можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Можете да го консумирате и ладен и топол.

    Доколку имате и други симптоми на настинка, по сирупот корисно е дополнително да земете по една кришка лимон која ќе ја џвакате. Сирупот е многу делотворен во спречувањето на сувата кашлица.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img