Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

More
    домаситеЦрна труба - Печурка со лековити својства

    Црна труба – Печурка со лековити својства

    petel baner

    Црна труба (лат. Craterellus cornucopioides) – помалку познат вид на печурки од некои други кои се користат за медицински цели. Тоа не ја намалува нејзината важност. Името го добила по изгледот кој навистина наликува на труба.

    Црна труба наликува на труба или инка и е шуплива до самото дно. Врвот и е неправилен облик и брановиден, со искривени краеви. Многу тенка и нејзината големина е помеѓу 2 и 8 см. Месото е сиво или црно во боја, еластично и влакнесто. Мирисот на црната труба е нејасен – потсетува на земја. Вкусот на црната труба е пријатен и благ, дури и малку сладок.

    Otkup na kompiri

    Расте расфрлана во снопови, кои можат да бидат големи. Може да се најде на влажна и каллива почва во листопадни шуми. Најмногу може да се најде во есен, ретко порано. Оваа печурка е многу вкусна, особено кога е добро исушена и сомелена – тогаш се користи како зачин во прав за супи, чорби и разни сосови.

    Црна труба, благодарение на својот уникатен изглед, е невозможно да се помеша со која било печурка која е отровна. Значи таа нема свој отровен дупликат.

    Лекување со црна труба

    Оваа печурка е богата со витамин Б12, кој особено помага во одржување на правилната функција на мозокот и на целиот нервен систем. Исто така, содржи значителна количина на протеини (69,45 грама), јаглени хидрати (13,44 грама) и многу мала количина на масти (4,88 грама). 100 грама црна труба печурка содржи 378 калории.

    Какво е лековито дејство на оваа печурка?

    • Помага да се регулира телесната тежина. Печурките генерално содржат мал процент на калории, а во исто време многу позитивно влијаат на здравјето. Дебелите особено треба да ја консумираат, бидејќи ќе им помогне на здрав начин да ослабат. Тоа е затоа што печурките главно се состојат од протеини.
    • Богата е со витамин Д.  Сушената печурка содржи значително количество на комплекс Д, особено Д2 и Д3, што значително придонесува за подобро функционирање на организмот.
    • Го зајакнува имунолошкиот систем.  Го штити организмот од вирусни и бактериски инфекции токму поради состојките што ги содржи. Затоа е особено добро да се консумира во периоди од годината кога владеат вирусите, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем и создава одбранбен механизам од штетните микроорганизми.
    Го регулира нивото на холестерол во крвта. 
    • Ензимите кои ги содржи оваа печурка придонесуваат за намалување на нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) во крвта. Конкретно, полисахаридите и бета-глуканот придонесуваат за ова.
    • Регулира ниво на шеќер во крвта.  Содржи природен инсулин и ензими кои помагаат да се „разгради“ шеќерот во крвта. Освен тоа, позитивно влијае на работата на црниот дроб и панкреасот. На тој начин го поттикнува производството на инсулин во организмот.
    • Спречува појава на рак. Научно е докажано дека печурките успешно ги потиснуваат туморите. Полисахаридите кои ги содржат печурките имаат антиканцерогено дејство и на тој начин се борат против клетките на ракот. За ова особено придонесува селенот, кој го содржи печурката.
    • Таа е природен антиоксиданс.  Кога велиме антиоксиданс, прво помислуваме на овошје и зеленчук. Сепак, печурките се и многу богат извор на антиоксиданси кои се борат против слободните радикали во телото.
    • Го забрзува метаболизмот. За ова особено придонесува витаминот Б, кој го содржи. Ова е уште еден начин на кој црната труба придонесува за регулирање на телесната маса.
    • Има корисен ефект врз кожата.  Со оглед на тоа дека печурките содржат многу вода и витамин Д, ова позитивно влијае на здравјето и еластичноста на кожата.

    Употреба на печурката

    Црна труба печурка е идеална за кулинарски специјалитети. Идеална е за комбинација со јајца, месо, зеленчук, сосови, чорби, супи и сосови. Може да се користи во различни форми – во прав, сушени или цели. Прашокот од црна труба печурка е високо ценет зачин.

    Рецепти

    Сос за тестенини

    За да направите сос од црна труба, потребни ви се следниве состојки:

    • 500 гр печурки црна труба
    • 500 гр крем за готвење
    • Путер
    • Сол
    • Бибер
    • Пармезан

    Подготовка:

    Во тавче растопете го путерот и додадете ја исчистената и свежа црна труба. Варете ги на тивок оган додека не го испуштат сокот. Потоа додадете го кремот за готвење и варете на тивок оган околу 20 минути. Потоа сето тоа сомелете го со миксер, па варете уште малку додека не се згусне. На крајот додатете сол и бибер (по желба можете да додадете и босилек). Прелијте ги тестенините со црниот сос и тоа е тоа. Вашиот оброк е подготвен.

    Рижото со црна труба печурка

    За рижото, потребни ви се следниве состојки:

    • 200 гр црна труба
    • 400 гр ориз
    • 1 лажичка маслиново масло
    • 1 коцка за супа
    • 1 главица кромид
    • 80 гр рендано тврдо сирење
    • 40 гр путер
    • 1 кафена лажичка морско оревче
    • Сол
    • Бибер

    Подготовка:

    Исчистете ги печурките. Во длабок сад ставете маслиново масло и врз него пропржете ситно исечкан кромид. Потоа додадете ги исчистените печурки и оризот, па нежно измешајте минута или две. Зачинете со сол, бибер и морско оревче. Потоа додадете ја во неа коцката за супа, добро измешајте и ставете ја во загреана рерна на 200⁰C. Печете половина час, а потоа извадете и додадете рендано сирење и путер. Добро измешајте и послужете додека е топло.

    agrounik

    Прашок од исушени црни труби

    За овој рецепт потребна ви е само саканата количина црна труба.

    Подготовка:

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Исчистете ги печурките од нечистотии и исечете ги нивните долни делови. Потоа наредете ги на плех. Можете да ги исушите во рерна или природно. Најдобро би било да ги исушите природно, на сонце. Ако ги исушите во рерна, загрејте ја на 50⁰C. Треба да ги сушите 5 до 7 часа. Повремено проверувајте ги и извадете ги кога целосно ќе се исушат. Откако целосно ќе се исушат, оставете ги да се изладат и сомелете ги до најмала големина, додека не станат прашок. Чувајте го исушениот прав, кој може да се чува долго време, во стаклени тегли.

    Прашокот од црна труба може да се користи како зачин за разни јадења, особено за супи и сосови. Тоа ќе придонесе за подобар вкус на храната, а освен тоа, позитивно ќе влијае и на вашето целокупно здравје. Пробајте, можеби ова ќе ви стане омилен зачин во кујната.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img