Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ЗабаваНеколку причини зашто редовно да јадете суви сливи

    Неколку причини зашто редовно да јадете суви сливи

    Суви сливи се многу вкусна и здрава намирница.

    Суви сливи можете да додадете во компот, каша, месо или десерт. Тие се вкусни, но и корисни, особено во студените денови, кога асортиманот на свежо овошје е ограничен.

    Сувите сливи не се помалку здрави од свежите сливи и се достапни во текот на целата година.

    Сливите содржат калциум, фосфор, магнезиум, јод, цинк, бакар, растителни влакна и органски киселини. Богати  се со калиум – еден и пол пати повеќе отколку во бананите, и содржат витамини Б, Е, ПП и провитамин А.

    За енергија

    Во зимски денови, почесто сакаме да спиеме отколку да бидеме будни. Сливите содржат глукоза, сахароза и фруктоза – тие се одговорни за енергија и активност. Затоа, ова суво овошје е добро да се јаде наутро. Патем, тие се одличен додаток на појадокот.

    Против депресија

    Во зима, нивото на анкциозност се зголемува. Затоа, императив е да не си дозволувате да бидете депресивни. Стабилноста на нервниот систем бара витамини од групата Б кои се содржани во сливите. Патем, во старите времиња, сливите се сметале за многу ефикасен лек против стрес и депресија.

    Додаток во јадења со месо и зеленчук

    Сливите имаат 231 kcal на 100 g. Ова е околу 10 плодови со семка. Слободно можете да експериментирате и да ги додадете во јадења со месо и зеленчук.

    За имунитет

    Сувите сливи содржат голем број на слободни радикали кои се борат со бактериите и многу витамин Ц. Тие го зајакнуваат имунолошкиот систем и се борат против вирусите. За зајакнување на имунолошкиот систем, експертите препорачуваат да јадете 2-3 сливи на ден.

    За убавина

    Сливите содржат голема количина на антиоксиданти кои помагаат во забавување на процесот на стареење и спречуваат појава на брчки, дамки, осип и иритации. Покрај тоа, сливите содржат витамини за убавина кои имаат корисен ефект врз бојата на кожата и еластичноста.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img