Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

18.8 C
Skopje
Monday, June 5, 2023

More
    домаАгро ВестиГолемо поскапување на цените на пченицата и пченката

    Големо поскапување на цените на пченицата и пченката

    Цените на светските берзи на пченицата и на пченката се покачија откако Русија објави дека еднострано се повлекува од договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море. 

    Цените на светските пазари на жито се чувствителни на развојот на настаните во осуммесечната руска инвазија на Украина.

    Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море беше постигнат со посредство на ОН. Претставници на Украина, Русија, Турција и на ОН се согласија Заеднички координативен центар да уреди пловидба на бродови со жито преку Црното Море и нивна верификација. Преку Договорот од јули од Украина беа изнесени повеќе од 9,5 милиони тони пченка. Како и пченица, производи од сончоглед, јачмен, семе од репка и соја.

    Светските пазари на жито се чувствителни на развојот на настаните во осуммесечната руска инвазија на Украина. Бидејќи двете земји се меѓу најголемите светски снабдувачи на пченица.

    Во тргувањето со фјучерси на Берзата во Чикаго, цената на пченицата се зголеми за 5,7 проценти на 8,77 долари за три четвртини бушел (26,49 литри). Во март, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина, цената на пченицата достигнаа рекордни 13,64 долари за бушел.

    Цените на пченката се зголемија за 2,6 отсто на 6,98 долари за четвртина бушел (8,75 литри). А сојата за 0,6 отсто на 14,09 долари за четвртина бушел.

    Трговците со жито посочуваат дека инфлаторните промени во цената најмногу ќе зависат од развојот на ситуацијата.

    Потегот на Русија ја доведе во прашање испораката на стотици илјади тони пченица за Африка и Блискиот Исток. Во прашање е доведен и извозот на украинска пченка за Европа.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img