Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Monday, December 5, 2022

More
    домаАгро ЗабаваВода со овошје е идеална за топли денови - изберете ја омилената...

    Вода со овошје е идеална за топли денови – изберете ја омилената комбинација

    Во пролет и лето, се разбира, консумираме многу вода. Но, покрај класичната лимонада, на трпезата внесете и нови овошни комбинации. Вода со овошје е идеален избор. Нема да погрешите.

    Водата со природни вкусови на овошје и билки е совршено и здраво освежување. Направете во поголеми количини и чувајте ја во фрижидер секогаш да биде ладна.

    Пина Колада

    Добро, можеби не е вистинска пина колада, но можете да замислите дека е, барем поради кокосот. Земете неколку парчиња ананас, исечете ги и ставете ги во тегла. Изгмечете ги со вилушка, прелијте ги со неколку лажици кокосово млеко и потурете вода. Оставете ја смесата да отстои неколку часа во фрижидер пред да ја послужите. (Можете да го отстраните овошјето со цедење или да го оставите ако така сакате).

    Јагоди и киви

    Во голема тегла ставете 6 јагоди и 4 кришки киви. Изгмечете ги и потопете ги во вода. Добро протресете и оставете да се излади.

    Малина и лимета

    Кој не сака вкусни малини? Во комбинација со лимета даваат дополнителен освежителен пијалок. Изгмечете една рака малини и ставете ги во тегла. Сварете ја водата и додадете ја неисечената лимета на кришки или прстени. Секое парче лимета малку исцедете го за да се ослободи сокот. Покријте, промешајте и ставете во фрижидер.

    Краставица и диња

    Помека и послатка диња исечкајте ја на коцки. (Со неа наполнете речиси половина од теглата). Изгмечете ги малку, па додајте ги прстените од краставицата (не треба да ги пасирате, сами го ослободуваат својот вкус). Секако, додадете вода, измешајте и ставете го во фрижидер пред сервирање.

    Лимон и нане

    Оваа комбинација дава многу освежувачки и енергичен вкус. Во тегла ставете неколку листови свежо нане и малку згмечете ги за да се ослободи сокот, но не кинете ги. Исечете два лимони на половина, исцедете од нив малку од сокот и ставете ги во теглата. Посипете ја водата. Ако водата е изладена или ако сте додале малку мраз, пијалокот можете да го испиете веднаш, бидејќи на нането и лимонот им требаат само една-две минути за да го испуштат сокот.

    Секако, ова е само дел од комбинациите. Ве советуваме да експериментирате и да се освежите на здрав начин.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img