Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

More
    домаАгро ЗабаваЗошто мандарините се корисни за здравјето?

    Зошто мандарините се корисни за здравјето?

    Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. 

    Мандарините се толку многу вкусни што речиси и да не постои некој на овој свет кој што не ги сака. Меѓутоа, дали знаете дека тие за нашиот организам претставуваат нешто многу повеќе од само вкусен десерт?

    Го намалуваат ризикот за добивање рак

    Мандарините можат да ја намалат можноста за добивање на рак на црниот дроб. Всушност, научниците на Универзитетот Кјото откриле дека луѓето кои имаат хроничен вирусен хепатит можат да го намалат ризикот за добивање на рак на црниот дроб ако пијат сок од свежи мандарини.

    Во едногодишната студија 30 учесници кои имале вирусен хепатит секојдневно консумирале напиток кој содржел сок од мандарини. На крајот од ова истражување, ниту еден од овие испитаници не покажал знаци на рак на црниот дроб. За разлика од нив, помеѓу 45 учесници кои не го пиеле овој пијалок, 8,9 проценти од нив развиле рак на црниот дроб.

    Одличен извор на Витамин Ц

    Мандарините можат да ви дадат и до 80 проценти од потребниот дневен внес за витамин Ц. А витаминот Ц е и повеќекратно корисен, на пример во борбата со слободните радикали. Тоа се молекули со непарен број на електрони кои го бараат својот пар со што „крадат“ електрони од стабилните слободни радикали.

    Ова предизвикува верижна реакција, односно премин од стабилни радикали во нестабилни. Што на крајот може да доведе и до телесни оштетувања како што се оштетувања на протеините и оштетување на ДНК-та. Антиоксидансите помагаат да се спречи оваа верижна реакција и да се запрат ваквите оштетувања, а тоа, меѓу останатото го зајакнува и имунитетот.

    Влијаат на холестеролот

    Антиоксидансите во мандарините можат да го намалат нивото на лошиот холестерол. Тоа го постигнуваат борејќи се против слободните радикали кои го оксидираат холестеролот, а тој лесно се наталожува на ѕидовите на артериите.

    Од наталожениот холестерол крвта почнува да тече забавено во артериите, што може да го зголеми ризикот за добивање на зголемен крвен притисок, мозочен удар, болести на срцето и заболувања на црниот дроб.

    Помагаат во борбата со килограмите

    Мандарините се извор на диететски влакна, дури 3 грама влакна на 100 гр. производ. Редовното внесување на влакна помага подолго да се чувствувате сити. Всушност на децата и на возрасните им се потребни околу 20 гр. влакна дневно.

    Меѓутоа, можеби би требало да внесувате и малку повеќе, зависно од количеството на калории кои ги консумирате. На пример, мажите и тинејџерите можеби би требало да внесат околу 30 до 35 грама влакна дневно. Консумирањето на мандарини ќе ја задоволи оваа дневна потреба, а и на вас ќе ви подари уживање.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img