Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ЗабаваКористете алое вера за здрава и сјајна кожа

    Користете алое вера за здрава и сјајна кожа

    Алое вера е многу декоративна, но и корисна билка, која е препорачливо да ја имате во вашиот дом.

    Растението алое вера е познато по своите исклучително лековити и смирувачки својства. Експертите се толку фасцинирани од ова растение, а една од нејзините најголеми предности е позитивното дејство на кожата. 

    Оваа билка помага при изгореници настанати од делувањето на сонцето. Покрај тоа, оваа билка, поточно нејзиниот гел, помага при разни кожни проблеми. Може да се третираат акни и ја намалува видливоста на брчките.

    Се препорачува и при убоди од инсекти. Ако сте алергични од убод на инсекти или забележите дека нешто не е во ред, отидете на лекар бидејќи убодот од инсекти може да биде опасен.

    Ублажување на изгореници на лице

    Алоето може да помогне кај сите врсти на изгореници на кожа,особено предизвикани од сонце во текот на летото. Оваа моќ на алоето потекнува од неговата способност за ладење на воспалителните процеси .

    Содржи минерали, витамини и антиоксиданси кои го забрзуваат процесот на заранување на кожата. Се на се алоето може да ви биде неопходно во летниот период токму поради карактеристиката за ладење. Многу лосиони за после сунчање се правени на база на алоеќ, Но ако имате можност користете чист гел од нејзините листови.

    Го забрзува процесот на зараснување на исекотините

    Без разлика дали станува збор за бубулица  или случајно сте се пресекле  со кујнски нож, алое вера може да се искористи за побрзо лекување. Го забрзува создавањето на нови епителни клетки и кожата го апсорбира дури и побрзо од водата. Така,  гелот од  алоето  е совршен лек за рани и исекотини.

    Нега на лице

    Друг начин да се користи алоето е над креми за лице. Имено, овој гел брзо се апсорбира во кожата и ја зголемува содржината на вода.Бидејќи алое вера не е заснована на масло, тоа е одлично за луѓе кои имаат мрсна кожа и проблеми со акни. Алое ќе ја хидрира кожата без да ги блокира порите. Може да се користи како крем за луѓе кои често страдаат од хронични проблеми со кожата, како што се егземи и псоријаза.

    Го решава проблемот со акните

    Алоето е ефикасно оружје во борбата против акните. Алоето исто така може да спречи создавање  лузни. Производството на нови клетки од кожата ќе се забрза, а кожата ќе стане почиста од било кога.

    Го успорува процесот на стареење

    Последната и можеби најимпресивната карактеристика на алое вера лежи во нејзината моќ да го спречи стареењето. Ова растение содржи многу различни витамини и антиоксиданси, како што се бета каротен, витамин Е, витамин Ц и многу повеќе. Овие витамини  ја негуваат кожата и  ја зголемуваат  влагата и еластичноста. Ова го спречува и го намалува појавувањето на ситни линии и брчки.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img