Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022

More
    домаАгро ВестиСтресот кај овците по напад на волци има големи последици

    Стресот кај овците по напад на волци има големи последици

    Последиците кај овците од напад на волци се долгорочни. Јагнињата се полесни, а голем број гравидни овци спонтано сае породуваат.

    Присуството на волци е се поголем проблем во Холандија. Речиси не поминува недела, а да не дознаеме за напад на животни. Нивниот број е зголемен, а за нив нема живеалиште и храна. Поради ова, тие се почесто се принудени да го најдат својот плен меѓу животните што ги одгледуваат сточарите, а најпогодени се овците.

    Ветеринарката Маргит Гроневелд поминала една година во Дренте истражувајќи го стресот кај стадо овци по напад на волци,  пишува Nieuweoogst. Податоците од студијата покажаа дека 30 отсто од нападнатите животни не се гравидни, во споредба со просечните 10 отсто во стадата со кои ги споредува. Гроневелд наведува дека стресот е главната причина за оваа појава.

    Гравидност на овци и стрес

    Имено, во природниот резерват во Дренте, на 21 септември 2021 година, волк нападнал стадо овци и кози кои паселе. Две овци и коза се еутаназирани, а шеснаесет животни ги преживеале раните од каснување. Гроневелд потоа го започна своето истражување.

    Се претпоставува дека овците биле гравидни во моментот на нападот, но скенирањето во декември покажало голема разлика помеѓу ова и три други стада со сличен состав и големина.

    „Речиси седумдесет јагниња не беа објагнети Ова не е проблем за пасење стада, туку е за сточарите кои одгледуваат овци за производство на месо.

    Последиците се долгорочни, а штетата тешко се надокнадува

    Стресот од нападот влијаеше и на новородените јагниња. Тие често се полесни. Нападнатите овци не се опуштени и постојано се на штрек, за разлика од животните кои не го доживеале ова и поголемиот дел од времето го поминуваат безгрижно на пасење. Долгорочните последици се присутни и по краткотраен напад на волци.

    Друг проблем е  исплатата на отштета . Во случајот од пролетта 2018 година кога беа нападнати животните на овчарот на Де Грот во Тиендевен, беше одлучено провинцијата Дренте да не мора да ги надомести штетите што ги претрпел поради спонтаните абортуси на пет овци. Ќе бидат обештетени само оние за четирите гравидни овци кои беа усмртени. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img