Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ВестиРусија се повеќе го зголемува производството на вино

    Русија се повеќе го зголемува производството на вино

    Лозарството и винарството во Русија покажуваат стабилен раст на производството. Владата ќе продолжи да ја поддржува индустријата во производството и извозот.

    – Лозарството и винарството бележи стабилен раст. Само минатата година бележиме пораст на производството на грозје на фармите од сите категории за повеќе од 10 проценти. Забележуваме зголемување на производството на самите вински производи. Годинава е повисоко за 8% (во споредба со истиот период од 2021 година) – се вели во соопштението.

    На состанокот на организацискиот одбор на првиот руски вински форум, вицепремиерот посочи дека „Владата ќе продолжи да ја поддржува индустријата за да го реализира производниот и извозниот потенцијал на винските региони“.

    Оваа година беа издвоени повеќе од 2,4 милијарди рубљи за поддршка на винската индустрија

    Оваа година беа издвоени повеќе од 2,4 милијарди рубљи за поддршка на винската индустрија. За 2023 година од државниот буџет се планира да се издвојат повеќе од 3,5 милијарди рубљи, што е за 40 отсто повеќе од претходниот износ на финансирање.

    Рускиот вински форум ќе се одржи на 24 и 25 ноември во Москва. Главна тема ќе биде „Новата ера на руското производство на вино“, а деловната програма содржи повеќе од 20 настани. Форумот ќе се одржи со поддршка на Владата на Руската Федерација, а ќе го организираат Рускиот конгрес и Федералната саморегулаторна организација на лозарите и винарите на Русија.

    – Форумот ќе стане ефективна алатка за развој на лозарството и винарството, стимулирајќи го нивниот извозен потенцијал и создавање позитивна слика за руското вино – се додава во соопштението.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img