Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Monday, December 5, 2022

More
    домаАгро ЗабаваМанифестација Гурмански викенд во Кавадарци

    Манифестација Гурмански викенд во Кавадарци

    Манифестацијата Гурмански викенд во организација на Винскиот музеј во Кавадарци., ќе понуди дегустирање храна и пијалаци од тиквешкото поднебје.

    Манифестацијата Гурмански викенд се одржува прв пат, а ќе се реализира оваа сабота, на 19 ноември, под мотото „Виното – нераскинлив дел од традицијата”.

    Повод е Месецот на младо вино и традиционалното одбележување на производството на вино.

    • – Посетителите ќе можат да уживаат во младите вина од повеќе винарии во Тиквешијата, како и да вкусат традиционално зготвена храна. Настанот ќе се одржи во прекрасниот амбиент во дворот на Винскиот музеј, збогатен со музички перформанс, информираат од Музејот.

    Во одбележување на месецот на младо вино се вклучува и училиштето „Ѓорче Петров“ од Кавадарци кој избира најдобри млади вина произведени од ученици од земјоделската струка.

    Од училиштето соопштија дека следуваат награди за учениците што произвеле најдобри вина. Доделувањето на наградите ќе биде на 24 ноември, кога ќе има рецитал и музичка програма изведени од ученици, а присутните ќе можат и да дегустираат од младите вина.

    Покровители на настанот се градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img