Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Monday, December 5, 2022

More
    домаАгро ЗабаваЕсенски десерт: Печени круши

    Есенски десерт: Печени круши

    Овој лесен есенски десерт можете да го послужите во секое време и да уживате во неговиот инзвонреден вкус.

    Печените круши се подготвуваат брзо и лесно и не ви се потребни многу состојки.

    Потребни состојки:

    2 круши

    1 шака ореви

    прстофат цимет за секоја половина од крушата

    Начин на подготовка:

    Крушите измијте ги, поделете ги на половина и со лажичка извадете ги семките. Отсечете мал надворешен слој од крушата за да може да стои рамно на подлогата. Вдлабнатината каде имаше семки малку проширете ја и тука додадете сечкани ореви.

    Секоја половина посебно завиткајте ја во алуминиумска фолија и ставете во рерна. После 25-30 минути отворете со вилкушка да проверете дали крушите се омекнати. Извадете ги од рерна и оставете околу 5 минути да изладат. По желба можете да додадете топка сладолед од ванила, бадем или чоколадо. Учивајте во вкусот на овој есенски десерт

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img