Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022

More
    домаситеКако зелениот чај може да помогне во спречување на вирусни респираторни инфекции?

    Како зелениот чај може да помогне во спречување на вирусни респираторни инфекции?

    Истражувањето спроведено ширум светот ја потврдува ефикасноста на една компонента од зелениот чај. Доколку овој чај го консумирате секој ден, голема е веројатноста да не се разболите така лесно од некои вирусни респираторни инфекции.

    Катехините во зелениот чај го спречуваат ширењето на вирусите во горниот респираторен систем создавајќи заштитна бариера во фаринксот. Ова го покажуваат најновите истражувања на научниците објавени во European Journal of Nutrition. Епигалокатехин галат, како главна компонента на чајните катехини, има антивирусно дејство. Физички се врзува за вирусите и ги отстранува од горниот респираторен систем. „Истражувањето покажува дека гаргарањето на зелениот чај и консумирањето чајни катехини е релативно едноставен и ефикасен начин за спречување на ширење на вирусни респираторни инфекции.

    „Епигалокатехин галат и епигалокатехин се врзуваат за хемаглутининот на површината на вирусот. Потоа и за неураминидазата и на тој начин го спречуваат вирусот да се закачи на површината на клетките. Со тоа ја спречува инфекцијата. „Врз основа на доказите, епигалокатехин галат, кој е клучна компонента на чајните катехини, обезбедува ефикасна заштита од вируси и аденовируси. Може да заштити и од респираторни инфекции предизвикани од други вируси“.

    Резултатите од ова научно истражување спроведено во Јапонија и САД покажуваат дека колку е поголема дневната потрошувачка на катехини, толку поизразени се превентивните ефекти врз ширењето на вирусните респираторни инфекции.

    Истражувањата покажуваат дека гаргарањето на зелениот чај и консумирањето чајни катехини е релативно едноставен и ефикасен начин за спречување на ширење на вирусни респираторни инфекции.

    Во заклучоците од истражувањето се нагласува дека внесувањето на катехини од чајот или гаргарањето на зелениот чај во секојдневната рутина би можело да биде одлична нефармацевтска интервенција во превенција.

    Забелешка:

    Природните лекови на нашиот портал се препораки од превентивен карактер за водење здрав начин на живот. Ако имате здравствен проблем, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар. Во никој случај не треба да се потпирате на алтернативна медицина без стручно мислење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img