Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Monday, December 5, 2022

More
    домаАгро ЗабаваЈапонско јаболко - извор на витамини и минерали

    Јапонско јаболко – извор на витамини и минерали

    Јапонско јаболко е богати со бета каротен, калциум, железо и антиоксиданси.

    Јапонско јаболко покрај тоа што можете да го јадете свежо, може и како додаток на утринските мусли и каши, погодни се за готвење, како и за солени комбинации. 

    Јапонското јаболко е најубаво во зимските денови. Тогаш неговите листови опаѓаат, па на голите гранки остануваат портокаловите плодови.

    Посебно интересен е податокот дека на некои дрва, јапонските јаболка достигнуваат тежина и по 400 грама. Тоа што е најважно е дека ова јаболко е богато со витамин Ц. Со тоа овие плодови се одлични за јакнење на имунитетот и подобрување на општата состојба на организмот.

    Освен витамин Ц, тоа е богато и со билни влакна па помага и во намалување на нивото на холестерол и регулирање на варењето. Тоа исто така изобилува и со фруктоза, па се препорачува за оние кои имаат високо ниво на шеќер во крвта.

    Флавоноидите кои ги содржи го прават овој плод одличен за превенција на кардиоваскуларни заболувања. Тие исто така го штитат и нашето тело од влијанието на слободните радикали.

    Во источната медицина, јапонско јаболко се користи како помош во лечењето на воспаленијата на цревата, хемороидите, болестите поврзани со желудникот, жолчката и црниот дроб. Исто така, се користи и како лаксатив, а е познато и по своите антибактериски и антибиотски својства.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img