Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ВестиДесет интересни факти за катарското земјоделство

    Десет интересни факти за катарското земјоделство

    Без разлика на малата површина, тие произведуваат урми, зеленчук, житарки, овошје, месо, риба, млечни производи и добиточна храна. Десет интересни факти кои го обележуваат катарското земјоделство.

    Катар, каде што годинава се одржува Светското првенство, е многу мала земја која се наоѓа на Арапскиот Полуостров во Југозападна Азија, со површина од 11.581 km 2. Во нејзината економија доминира нафтената индустрија, а приходите од продажбата на нафта овозможија да се зголеми животниот стандард во таа земја, која е една од економски најразвиените во светот. 

    Поради неповолните климатски услови, земјоделството е слабо развиено. Најважно е одгледувањето на урми. Пред да биде откриена нафтата таму во 1939 година, нивната економија се засноваше на риболов и потрага по бисери, бидејќи морето околу Катар содржи некои од најголемите светски живеалишта на бисерни школки.

    Поради ограничените ресурси и климата, тие се склони кон увоз на храна. Повеќе од 90 отсто се увезени од 100 земји. Но, уште во 2008 година, Катар ја основаше Националната програма за безбедност на храната за да ја намали зависноста на земјата од увоз.

    Ви пренесуваме десет интересни факти од катарскиот земјоделски сектор:

    1. Според податоците на Светска банка, тие имаат само 1,22 отсто обработливо земјиште или 14.000 хектари, што е само 0,01 отсто по глава на жител. 
    2. Сместена во најсувиот регион во светот, оваа земја е подложна на сурови климатски услови со екстремно слаби врнежи. Сепак, Катар произведува урми, зеленчук, житарки, овошје, месо, риба, млечни производи и добиточна храна.
    3. Најмногу увезуваат од земјите од Блискиот Исток, а потоа следат Европската Унија, САД, Југоисточна Азија, Австралија и Нов Зеланд.
    4. Увозот на свежо месо е забранет од Бразил и ЕУ, со исклучок на: Холандија, Франција, Бугарија, Германија, Шпанија. Забрането е увоз на свежа живина од САД, Виетнам, Филипини, Тајван, Тајланд, Нигерија, Индија, Канада, Иран, Кина, Бугарија. Секоја храна е целосно забранета доколку е од Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.
    5. Домашното производство на зеленчук во 2021 година изнесувало 102.000 тони. 
    6. Во 2022 година тие достигнаа самодоволност кога станува збор за производството на кокошки бројлери.
    7. Вкупниот број на животни лани изнесувал 1.507.543, од кои 108.749 камили, 42.139 крави, 418.525 кози и 938.130 овци. 
    8. Околу 22.000 камили се користат исклучиво за трки.
    9. Пчеларите поседуваат 7.313 кошници со пчели.
    10. Во таа земја има 76 фарми кои одгледуваат урми. Се проценува дека има нешто помалку од 700.000 дрвја. Во 2021 година произвеле 27.000 тони слатко овошје. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img