Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022

More
    домаАгро ЗабаваМушмула – овошје кое изобилува со лековити својства

    Мушмула – овошје кое изобилува со лековити својства

    Мушмула или дива круша на подрачјето на Европа се одгледува илјадници години, често се калеми на круша или дуња и дава плод истата година.

    Вкусната мушмула цвета кон крајот на април, а највкусните плодови се собираат на есен, понекогаш и после првите мразови.

    Кога е свежа, месото и е бледосиво или зеленикаво и тогаш не е за јадење, бидејќи е многу кисело. Дури кога ќе отстои и загнили, станува слатко и е за јадење, а неговата внатрешност се претвора во кафеава каша. Дотогаш плодот може да остане на дрво, но зелените плодови можат да се отават на куп во слама или да се завиткаат во весници, со цел побрзо да созреат.

    Мушмулата е распространета како дива листопадна грмушка, со висина од два до пет метри или како култивирано стебло кое може да порасне и до осум метри во висина.

    Плодот на мушмулата се смета за природен лек против настинки, воспаление на крајниците и респираторните проблеми. Природата сакаше ова слатко овошје да созрева баш во времето кога се зголемува бројот на настинки и респираторни инфекции.

    Во продолжение прочитајте колку се корисни и хранливи овие плодови.

    Богати со растителни влакна

    Мушмулите се богати со пектин, кој е вид растворливи влакна. Пектинот делува како природен лаксатив. На овој начин ја брани слузницата на цревата од токсичните материи и го намалува ризикот од појава на запек и развојот на рак на дебелото црево.

    Богати со витамин А и антиоксиданси

    За да бидеме во добра здравствена состојба, ние имаме потреба од витамини и антиоксиданси. Потрошувачката на мушмули може да ве обезбеди со двете. Тие се богати со витамин А, кој е од суштинско значење за здравјето на кожата и очите.

    Витаминот има способност да ја зајакнува кожната слузница. Според некои истражувања редовната консумација на мушмули може да го намали ризикот од развој на рак на усната шуплина и белодробен рак. Во прилог антиоксидантите содржани во овие плодови се борат со штетното влијание на слободните радикали.

    Калиум, витамин Б и витамин Ц

    Освен витамин А поткаснувањето мушмули, ви доставуваме на организмот калиум, витамини од групата Б, како фолна киселина, витамин Б6 и ниацин. Плодовите содржат и витамин Ц, кој е моќен антиоксидант.
    Од друга страна калиумот е важна компонента за клетките и контролата на телесните течности, на тој начин се контролираат вредностите на крвниот притисок и се намалува ризикот од срцеви проблеми.

    Богати со минерали

    Мушмулите ги содржат едни од најважните за здравјето минерали, како магнезиум, железо, бакар, калциум и манган. Магнезиумот учествува во синтезата на антиоксидантни ензими, бакарот и железото ни се потребни за синтеза на црвени крвни зрнца.
    Калциумот и манганот се клучни за одржување на една здрав коскен систем, но и се важни за здравјето на срцето.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img