домаАгро ВестиПочна аплицирањето за дополнителната субвенција за предадено горзје

Почна аплицирањето за дополнителната субвенција за предадено горзје

Барања за дополнителната мерка два денара по килограм за предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет може да се поднесуваат до 25 декември годинава.

halk bank baner horizontalen ovcar

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите производители на грозје дека до 25 декември годинава, може да се поднесуваат електронски барања за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино.

Pneumatik baner

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека за оваа финансиска поддршка може да аплицираат сите кои предале грозје од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Кртошија, Жилавка и Кадарка.

Семенарна хоризонтален банер

„Сите земјоделци кои произвеле и предаделе грозје од овие сорти, ќе треба да аплицираат до 25- ти декември. Сите кои правно – законски ќе се стекнат со право на користење на оваа финансиска поддршка ќе добијат дополнителни 2 денари по килограм произведено и предадено винско грозје во регистриран капацитет за производство на вино“, истакна Бабовски.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
petel baner

Преку оваа мерка директно влијаеме на намалување на загубите на производителите на винско грозје, велат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img