Украина годинава извезла близу 16,2 милиони тони жито, што е за 31,7 отсто помалку во однос на 23,8 милиони тони извезени во истата фаза во претходната сезона.
Извозот на жито вклучува речиси 6,3 милиони тони пченица, 8,6 милиони тони пченка и 1,3 милиони тони јачмен – објави „Ројтерс“.
По речиси шестмесечна блокада предизвикана од конфликтот во Украина, на крајот на јули беа деблокирани три украински пристаништа на Црното Море, во согласност со договорот меѓу Москва и Киев, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција.
Податоците на Министерството покажуваат дека во првите 20 дена од ноември се извезени три милиони тони разновидни житарки што е за 29,7 отсто помалку во однос на истиот период во ноември лани.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK