Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022

More
    домаАгро ЗабаваЕсенско уживање: Штрудла со тиква

    Есенско уживање: Штрудла со тиква

    Штрудла со тиква е одличен десерт во есенските денови кој ќе ви овозможи уживање со секој нареден залак.

    Потребни состојки:

    •300 гр. кори за пита
    •750 гр. исчистена тиква
    •4 јајца
    •300 мл. млеко
    •200 гр. шеќер
    •150 мл. масло за јадење
    •50 гр. путер
    •2 кесички ванилин шеќер
    •морско оревче

    Подготовка:

    На крупната страна од рендето во длабок сад ја рендаме тиквата. Во тенџере на оган го топиме путерот и ја ставаме изренданата тиква да се пржи. Ги додаваме шеќерот и ванилиниот шеќер, и рендаме морско оревче.

    Во тенџерето со растопениот шеќер го додаваме млекото. Откако целата течност ќе испари го тргаме тенџерето од оган.

    Во сад за матење со миксер ги матиме јајцата додека не станат пенести. Ги додаваме во тенџерето со изладената тиква и мешаме со лажица додека филот не се соедини.

    На работна маса една врз друга ставаме две кори попрскани со масло. На едниот крај од корите нанесуваме фил. Ги свиткуваме краевите на корите кон внатрешноста и виткаме ролат.

    Го ставаме во правоаголна тава за печење намрсена со масло. На истиот начин подготвуваме уште три ролати и ги додаваме во тавата. Ги попрскуваме ролатите со преостанатото масло и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.

    Добар апетит!

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img