Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиИсплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

    Исплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

    petel baner

    На сметките на 5.525 млекопроизводители се исплатени се субвенции од вкупно 75.671.467,00 денари за мерката 2.3 која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо , овчо и козјо млеко.

    Исплатите се однесуваат на предадено млеко во месеците август и септември 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

    Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

    “Со денешната исплатата за месеците август и септември ја заокружуваме како целосна исплатата за млекопроизводителите за фазата октомври 2020 – септември 2021 . Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките “ – информира директорот Бачовски.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK
    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img