Лук – еден од најмоќните природни антибиотици, особено е силен во борбата против различни инфекции.
Всушност лукот има неколку стотици терапевтски својства, потврдени од страна на научни истражувања. Еве за што може да ви помогне:
Спречува срцеви заболувања
Лукот нашироко е признат како одлична превентива и третман за многу кардиоваскуларни и метаболички болести вклучувајќи атеросклероза, хиперлипидермиа, тромбоза, висок крвен притисок и дијабетес.
Потенцијален борец против рак
Биоактивните сулфурни состојки во лукот се верува дека имаат ефект во секој стадиум од рак како и ефект врз многу од биолошките процеси кои го намалуваат ризикот од настанување рак.
Контрола на крвен притисок
Полисулфидите во лукот помагаат во отварање и проширување на крвните садови а со тоа и намалување на крвниот притисок
Лечи настинки и инфекции
Антримикробни, антивирусни и антигабично дејствие на лукот помагаат во олеснување на симптомите на настинка и разни други инфекции, благодарение особено на алицинот кој лукот го има во релативно висока количина.
Помага при губење на косата
Нанесување гел од лук на скалпот два пати дневно во текот на три месеци е докажано дека помага во забавување на алопеција. Ако се прави заедно со примање терапија со кортикостероиди.
Помага во намалување на симптомите на деменција
Лукот содржи антиоксиданси кои даваат поддршка на заштитните механизми на телото против оксидациските штети кои придонесуваат за когнитивни болести.
Справување со дијабетес
Лукот го подобрува нивото на шеќер, го намалува ризикот од компликации за болни од дијабетес. Се бори против инфекции, го намалува LDL холестеролот и ја подобрува циркулацијата на крвта.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK