Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Sunday, April 28, 2024

More
    домаАгро советиДали типот на машините за молзење влијае на квалитетот на млекото?

    Дали типот на машините за молзење влијае на квалитетот на млекото?

    petel baner

    Машините за молзење крави го направија овој процес многу полесен и побрз, што нашите предци го правеа рачно. Потребното количество млеко го добивате без никаков труд, бидејќи машината ви ја молзе кравата. Сепак, се разбира, постојат одредени барања до кои мора да се придржуваат секој што врши молзење со помош на машината за здравјето на вимето и самото млеко да бидат на високо ниво.

    Што влијае на квалитетот на млекото?

    Многумина може да се запрашаат дали типот на уредот има некаква врска со квалитетот на млекото што го произведува кравата. Добрите земјоделски практики водат до поквалитетно млеко. Научно е докажано дека типот на апаратот не влијае на квалитетот на млекото. Секој уред може да поддржува високо ниво на квалитет на млекото, но само под еден услов – редовно и правилно да се мие, дезинфицира и користи.

    Agrobot

    Многу е важно да го чистите уредот после секое молзење, за да не се исуши преостанатото млеко во деловите на уредот. Редовното одржување на овие уреди е обврска на секое домаќинство што го прави тоа, особено во летниот период кога е зголемена појавата на бактерии.

    Како се одржуваат машините за молзење?

    За правилно одржување на машината за молзење првенствено се користи млака вода на температура од 35 C. Ги мие преостанатите млеко и млечна маст од инсталацијата. После тоа низ инсталацијата се пропушта топла вода со температура од 65 C. Оваа вода содржи раствор за детергент што не создава пена. Служи за измивање на сите масни наслаги во инсталацијата. По ова перење се пропушта ладна вода низ инсталацијата за да се измијат сите делови кои биле во контакт со млекото.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Овој процес се повторува по секое молзење. Неколку пати неделно молзните чаши се расклопуваат, мијат и чистат со специјални четки. Ако е можно, вшмукувачките гуми се заменуваат на секои седум дена. Така, два комплети вшмукувачки гуми траат подолго од една година. Важно е да се запамети дека уредот за молзење треба да се чува во посебна темна и ладна просторија, никако во штала.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img