Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро ВестиДобра вест: речиси преполовена продажба на антибиотици во ветеринарството

    Добра вест: речиси преполовена продажба на антибиотици во ветеринарството

    petel baner

    Целта е да се преполови продажба на антибиотици до 2030 година. Ова е со цел борба против ширењето на антимикробната отпорност, што ги прави вообичаените инфекции неизлечиви.

    Европската агенција за лекови ЕМА во својот извештај објави дека вкупната продажба на антибиотици кои се користат за животни е речиси преполовена помеѓу 2011 и 2021 година. Годишниот извештај на агенцијата за европскиот надзор на потрошувачката на ветеринарни антимикробни средства опфаќа вкупно 31 европска земја.

    Продажбата е речиси преполовена

    Вкупната продажба на антибиотици за 25-те земји кои доставија континуирани збирки на податоци се намали за 47 проценти. Ова ја претставува најниската вредност досега пријавена. Сите 27 земји-членки на ЕУ опфатени со извештајот во периодот од 2018 до 2021 година постигнаа намалување од 18 проценти. Тоа е околу една третина од целта поставена во водечката политика на ЕУ за храна, стратегијата „од фарма до вилушка“. 

    До 2030 година продажбата на лекови треба да се преполови. Целта е да се спречи ширењето на антимикробната отпорност АМР. Таа е предизвикана од широката употреба на антибиотици, поради што општопознатите инфекции стануваат неизлечиви. Светската здравствена организација СЗО го вклучи АМР меѓу 10-те најголеми глобални закани. Тие се поврзани со речиси пет милиони смртни случаи годишно ширум светот, со околу 1,3 милиони смртни случаи кои директно им се припишуваат на супербактериите. 

    Но, извештајот на ЕМА покажа дека продажбата на антибиотици кои се сметаат за критично важни во човечката медицина и за кои е потребна внимателна употреба во сточарството значително се намалила помеѓу 2011 и 2021 година. Тие сочинуваат само 5,5 отсто од вкупната продажба минатата година. 

    Agrobot

    Сепак, тие им порачуваат на фармерите да не ги даваат на животните како превентивна мерка. 

    Зголемете ги превентивните мерки

    Се чини дека темпото на пад на нивната продажба е забавено од 2017 година, се вели во извештајот и се предупредува дека овој тренд мора да се одржи за да се исполни целта за преполовување на употребата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „Мораме да имаме на ум дека не можат да се спречат сите болести и да продолжиме со нашите напори за зголемување на превентивните мерки и подобрување на сточарството“, рече Роксана Фелер, генерален секретар на Animal Health Europe, која ги претставува производителите на лекови за животн. Се наведува дека само намалувањето на продажбата на овие лекови нема да биде доволно за да се постигнат целите на политиките и акционите планови на ЕУ за справување со АМР. Антибиотиците сè уште остануваат неопходни за лекување на бактериски заболувања.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img