Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаАгро ВестиУкраинско жито за земјите во Африка погодени од глад и суша

    Украинско жито за земјите во Африка погодени од глад и суша

    Помош во вредност од 150 милиони долари најави Украина за земјите во Африка погодени од глад и суша.

    Еден брод, финансиран од Германија, веќе заминал за Етиопија. А следните три би требало да завршат во Судан, Сомалија и Јемен.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави помош, која ја собраа за време на самитот „Жито од Украина“ во Киев, за земјите најпогодени од глад и суша.

    „До 60 украински бродови со житарки ќе бидат испратени до средината на следната година во некои од најсиромашните земји во светот во Африка“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

    Целта на програмата „Жито од Украина“ е земјите учеснички во проектот да купуваат земјоделски производи од украински производители. При што приоритет имаат малите и средни претпријатија. И да ги транспортираат во земјите на кои им се заканува прехранбена криза. 

    Американската Агенција за меѓународен развој (USAID) веќе се согласила да обезбеди до 20 милиони долари преку Светската програма за храна на Обединетите нации. Откако почна руската инвазија на Украина, украинските власти обвинуваа дека Русија го краде нивното жито. Војната почна на 24 февруари. 

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img