Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаОд соседитеВо Србија засеани рекордни површини со пченица

    Во Србија засеани рекордни површини со пченица

    Рекордни површини со пченица во последните седум години се засеани при годинашнава есенска сеидба во соседна Србија.

    Во есенската сеидба пченица е посеана на повеќе од 725.000 хектари, што е зголемување за 16 отсто во однос на минатата година.

    Поради сушењето на површинскиот слој на почвата, пченицата нерамномерно никнува на парцелите.

    Условите за никнување беа поволни во однос на температурата, но не и во однос на влагата во семенскиот слој. ‘Ртењето и никнувањето следеа многу брзо по сеидбата, но многу нерамномерно и нецелосно. Врнежите во моментов се од голема корист за понатамошниот раст и развој на засеаните зимски посеви. Ќе овозможат зрната што не никнале да никнат и стрништата да имаат доволно влага за понатамошен раст и развој.

    Покрај тоа, речиси во сите региони на земјата се појавиле лисни вошки и цикади. Па многу производители морале да ги заштитат растенијата со инсектициди, што не е вообичаено за овој период од годината. Ова го потврдуваат и Службата за прогнозирање и известување на југот на Србија во Врање.

    Со визуелна проверка на зимските позеви на јачмен на повеќе локации е забележано присуство на мрежеста пегавост на јачменот (Pyrenophora teres) на три до четири проценти од растенијата.

    Проверките на посевите откриле присуство на цикада (Cicadelidae) на еден до два проценти од растенијата и на растителни вошки (Aphididae) на шест до осум проценти од растенијата. Се очекува намалување на нивниот број и активност поради претстојните ниски температури.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img