Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаАгро ЗабаваМакедонци во Канада ќе произведуваат ракија од тиквешко грозје

    Македонци во Канада ќе произведуваат ракија од тиквешко грозје

    Ова е првата семејна дестилара за македонска ракија и алкохолни напитоци со рецептури од Балканот во Северна Америка.

    Дестиларата на семејството Петровски, македонски иселеници од Канада, викендов ги наполни првите шишиња, дел од нивното сериско производсто на ракија од грозд, дуња и круша во Канада.

    Може слободно да се каже дека ова е првата семејна дестилара за македонска ракија и алкохолни напитоци со рецептури од Балканот во Северна Америка.

    Идејата за своја компанија за фармерски производи со потекло од Македонија на Петровски, нашинци од Куманово кои долго време живеат и работат во Сејнт Катеринс, Канада, се роди во 2018 година.

    Нивната фарма со овоштарник од неколку декари е лоцирана во плодниот регион на висорамнината Нијагара. Меѓу езерата Ери и Онтарио во близина на големите водопади.

    Дестиларата е во близина на магистралата „Квин Елизабет Мери“, автопат кој води од Торонто до канадско-американскиот граничен премин недалеку од Бафало, Њујорк. Во изминатите децении во регионот започнаа со работа многу микро винарии, пивари и дестилари.

    – Ова е наш придонес во намалување на монополите на големите компании за алкохолни напитоци. Ние сме нивна конкуренција и имаме намера да произдуваме врвни произвиди од највисок квалитет, изјави Душко Петровски, претседател на дестиларата „Петровски фемили спиритс“ во интервју за МИА.

    Тој откри и дека поднебјето во овој дел на Канада изобилува со вода и сонце. Плодната земја со жешките лета и студените зими е добра за одгледување слива, круша или јаболко. Иако не и за квалитено грозје, пиперки или домати, како во Македонија, што тие се обиделе да ги засадат за продажба на големо.

    Капацитетот на дестиларата е околу 40.000 до 50.000 шишиња ракии годишно. Што пред сѐ ќе се прават од грозд и од друго овошје како дуња, круша или праска. На фармата моментално се одгледуваат јаболка. Но, се панираат уште седници, и тоа било услов властите во Канада да им дадат да отворат своја деестилара.

    – Гроздова ракија се изготвува од вино донесено од Македонија, значи виното ќе биде исклучиво од Македонија, изјави Петровски.

    Овоштарникот моментално брои 1.600 јаболкови садници. А се планира садење и на круша и слива за печење и дестилација на крушовица и сливовица. Ракии кои се популарни во Србија, нашиот северен сосед. Компанијата планира да собира околу 120 тони овошје. Од кое може да се произведе осум до десет илјади литри ракија годишно.

    Производите на дестиларата на Петровски се флашираат во линии за пакување кои тие ги изнајмуваат по потреба.

    Петровски истакна дека пласманот на ракиите ќе започне кога фабриката ќе се отвори официјално во јануари. Тие веќе добиле дозвола да продаваат по угостителски објекти и продавници.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img