Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаситеСувите кајсии го чуваат срцето и го ублажуваат стресот

    Сувите кајсии го чуваат срцето и го ублажуваат стресот

    Во зима, кога и онака сме преоптоварени со калории, сувите кајсии можат да бидат идеална ужина во која можеме да уживаме без каење.

    Во сувите кајсии има дури 12 пати повеќе витамин А отколку во свежите. Имаат и неколку пати повеќе калиум од бананите, што многумина го фалат токму поради овој минерал. Како и другите сушени овошја, кајсиите имаат многу влакна, па затоа се добри за варењето.

    Го чуваат срцето, ја поправаат крвната слика

    Сувата кајсија содржат голема количина калиум, минерал кој е важен за нормалната работа на сите мускули, особено срцевиот мускул. Само пет суви кајсии ја задоволуваат потребата на организмот од овој минерал и значителен дел од потребите за железо. Витаминот Ц кој го има во кајсиите ја олеснува апсорпцијата на железото, што е многу важно за оние кои страдаат од анемија.

    Го ублажуваат стресот

    Магнезиумот, минерал со кој изобилуваат сувите кајсии, го ублажува стресот, додека витамините од Б комплексот ги зајакнуваат нервите. Ова овошје е одлично и за личности кои страдаат од зголемен холестерол бидејќи може да ги замени грицките полни со маснотии. Кајсиите треба добро да се изџвакаат бидејќи така го поттикнуваат варењето и циркулацијата во горната регија.

    Состојки на кајсиите:

    100 g суви кајсии100g свежи кајсии
    63g јаглени хидрати11g јаглени хидрати
    53g шеќер9g шеќер
    0,5g масти0,4g масти
    3,4g протеини1,4g протеини
    2,7mg железо0,4mg железо

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img