Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Вкусен и неодолив тикварник

    Рецепт: Вкусен и неодолив тикварник

    Тикварник е традиоцинален рецепт кој го подготвувале наште баби, совршен спој на тиква, млеко и јајца кој плени со својот богат вкус.

    Тиквата е богата е со антиоксиданти, минерали и витамини од кои најзастапени А и Ц. Ниската калорична вредност ја прави храна погодна за слабеење. Нејзините хранливи материи и антиоксиданси можат да го зајакнат вашиот имунолошки систем, да го заштитат видот и да го подобрат здравјето на срцето и кожата. Исто така е и многу вкусна.

    Потрудете се тиквата да ја има почесто на вашето мени за да ги искористите овие здравствени придобивки.

    Постојат многу различни рецепти со тиква, но овој рецепт за вкусен и ароматичен тикварник ќе посакате да го направите уште веднаш.

    Потребни состојки:

    • 1.5 кг варена тиква
    • 3 јајца
    • 150 г шеќер
    • 40 г масло
    • 1 прашок за пециво
    • 1 ванилин шеќер
    • млеко по потреба

    Начин на подготвување:

    Тиквата излупете ја, исчистете ги семките и конците од средината, исечете ја на помали парчиња и ставете ја да се вари.

    Кога е веќе сварена исцедете ја и испасирајте ја. Ставете ја во сад за матење и додадете ги преостанатите состојки освен млекото. Доколку тиквата е потечна можеби и нема да треба да додавате млеко, а ако е по сува додадете додека да добиете смеса погуста од таа за пандишпан.

    Ставете ја во намастена тава за печење и печете на 220 степени додека не порумени. Испечениот тикварник се остава убаво да се излади пред да се исече, може да се декорира со стопено чоколадо или шлаг.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img