Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Sunday, October 13, 2024

More
    домаАгро ВестиИсплатени се над 55 милиони денари за две подмерки од интервентниот фонд

    Исплатени се над 55 милиони денари за две подмерки од интервентниот фонд

    petel baner

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на две подмерки од Интервентниот фонд. Ова предвидува финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи и финансиска поддршка за произведена и предадена слива.

    -Исплатени се 41.691.315,00 денари кон 1.630 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година.

    Корисници на оваа подмерка се регистрираните земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат производство на зелка. Истата ја имаат предадено на регистрираните откупувачи запишани во Регистерот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ. Сето тоа за максимална предадена количина на зелка од 30.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм произведена и продадена зелка.
    -Исплатени се 13.329.398,00 денари кон 478 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година.


    Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат овошен насад од слива. Истата ја имаат предадено на регистрирани откупувачи запишани во Регистерот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ. Максимална предадена количина на сливи е од 17.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува 2 денари по килограм , а во месец септември изнесува 4 денари по килограм.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Otkup na kompiri

    Грижата за земјоделците останува во нашиот фокус, а крајната цел е зголемено домашно земјоделско производство. – истакна директорот Бачовски.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img