Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаАгро ВестиПротест на кванташки

    Протест на кванташки

    petel baner

    Протест на кванташки пазар во Скопје.

    До министерството за внатрешни работи закажан е протест на ден 06.12.2022 година.

    Целта на јавниот собир е да се изрази јавното незадоволство на лицата закупци на Кванташкиот пазар од незаконското и своеволно однесување и постапување на раководните лица на кванташкиот пазар.

    Ова незадоволство закупците на кванташкиот пазар во Скопје го изразуваат поради се почестите и се поголемите зголемувања на трошоци што се однесуваат на закупнината и особено за паркирање на возила во кванташкиот пазар.

    Во минатото огромен беше и бројот на Земјоделците што сами си ги носеа своите земјоделски производи и директно си ги продаваа на купувачите на кванташкиот пазар во Скопје.

    Протест на кванташки

    Заради зголемените трошоци за паркирање на возило значајно е намален бројот на овие Земјоделци кои сами си продаваат а луѓето што се движат на овој пазар изјавуваат дека повеќе и никој не доаѓа од нив бидејќи не им се исплаќа да возат на пример од Валандово или од Ресен и неколку дена да плаќаат паркинг за камион или комбе во кванташкиот пазар.

    Agrobot

    Закупците на простор во кванташкиот пазар се жалат и на ужасните услови што владеат на пазарот и дека сопственикот не инвестирал во инфраструктурата на пазарот.

    Исто ја истакнуваат и нелојалната конкуренција од трговците кои што продаваат од паркираните камиони низ улиците на главниот град.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Да се надеваме дека во иднина закупците на простор во овој пазар, заедно со Земјоделците кои што сакаат да продаваат на овој пазар ќе најдат заеднички јазик со лицата управители на овој значен пазар во Скопје.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img