Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаситеМед и сусам - одлична комбинација за вашето здравје

    Мед и сусам – одлична комбинација за вашето здравје

    Комбинацијата на мед и сусам е идеална и често би требало да се најде на вашето мени. Не само поради одличниот вкус, туку и поради тоа што претставува ризница на здравје.

    Ова природна смеса од мед и сусам е одличен извор на витамини, посебно од групата Е, А и Б, како и минерли и омега киселини. Се препорачува да се зема во утринските часови на празен стомак.

    Сусамот и медот го зајакнуваат имунитетот, ја намалуваат желбата за слатки, лечат констипација, ги ублажуваат стомачните мачнини и делуваат благотворно во случај на гастритис, колитис и чир.

    Освен тоа, оваа мешавина ги зајакнува коските, ги стимулира менталните активности, ја зголемува физичката издржливост и го подобрува квалитетот на здарвјето, косата и кожата.

    Медот и сусамот ги ублажуваат или ги отстрануваат следните здравствени состојби:

    • слаб имунолошки систем
    • екстремна желба за слатки
    • болки во стомакот
    • гастроинтестинални нарушувања, вклучувајќи колитис, гастритис и чиреви
    • слаби коски
    • ниско ниво на физичка сила и издржливост
    • слаба ментална активност или деконцентрација
    • лош квалитет на кожата
    • паѓање на косата
    • вишок килограми
    Начин на подготовка

    Оваа паста се приготвува многу лесто. Едноставно измешајте една лажица мед и една лажица сусам и мешајте се додека не добиете смеса што наликува на алва.

    Оваа количина на паста има околу 155 калории, 8 грама маснотии, 21 грам јаглени хидрати, еден грам влакна и 3 грама протеини.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img