Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаАгро ЗабаваДомашен сок од мандарина за освежување и здравје

    Домашен сок од мандарина за освежување и здравје

    petel baner

    Сок од мандарина – Првата работа поврзана со мандарина која привлекува на самиот почеток е нејзиниот освежителен ефект и ниската калорична содржина, обезбедува 80 проценти од потребниот дневен внес на витамин Ц.

    Во една мандарина со средна големина има само 64 калории и околу 0,4 грама масти. Покрај тоа, таа е богата со растителни влакна, пектин и хемицелулоза, лимонин, хесперидин, картонеиди, бета-криптоксантини и флавоноиди, богати се со витамин Ц, витамин А и витамин Б комплекс, како што е витаминот Б12.

    Цинкот, бакарот, манганот, магнезиумот, калциумот, фосфорот и железото се меѓу најважните минерали кои ги сочинуваат мандарините. ММоже да се консумираат на неколку начини: свежи, како додаток во колачи, во форма на сокови или сирупи, па дури и во разни летни коктели и смути.

    Зошто мандарините се здрави

    Го намалуваат воспалението, го спречуваат создавањето на песок и камења, го зајакнуваат имунолошкиот систем, го штитат срцето, го регулираат крвниот притисок, добри се за очите, го поттикнуваат зараснувањето на раните, го поттикнуваат варењето, помагаат во намалување на ризикот од остеопороза, го забавуваат стареењето на кожата, промовираат здрав раст на косата, имаат позитивен ефект врз црниот дроб.

    Рецепт за сок од мандарина

    – 3 литри свеж сок од мандарина (за оваа количина сок потребни се меѓу 5 и 7 килограми мандарини)

    – 1 кесичка лимонтус

    – 2 кг шеќер

    Agrobot

    – 600 ml вода

    Начин на подготовка:

    Излупените мандарини истурете ги во соковник, а потоа процедете го сокот за да не се задржат поголемите делови. Истурете вреќичка сок од лимон во преостанатиот сок и измешајте додека не се соедини. Во друг сад сипете 600 мл вода и 2 кг шеќер и ставете го на шпорет да зоврие со повремено мешање. Откако смесата ќе зоврие, тргнете ја од шпоретот и почекајте околу 20 минути да се излади. Важно е да се нагласи дека смесата не треба целосно да се излади туку да остане топла. На оваа маса се додава исцеден сок од мандарина измешан со лимонтус и убаво се меша смесата да стане хомогена. Сè уште топлиот сок истурете го во стерилизирани шишиња и чувајте го на ладно и темно место.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    И се што треба да направите е да уживате во вашиот сок!

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img