Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаАгро ВестиЕУ ја затвора вратата за производите кои придонесуваат за уништување на шумите

    ЕУ ја затвора вратата за производите кои придонесуваат за уништување на шумите

    Членките на Европската унија постигнаа договор за забрана за увоз на производи кои придонесуваат за уништување на шумите ширум светот.

    Договорот, кој треба формално да биде усвоен од Европскиот парламент, бара од компаниите да потврдат дека стоките што ги продаваат во ЕУ не доведуваат до уништување на шумите и нивна деградација никаде во светот, почнувајќи од 2021 година. Исто така треба да покажат дека стоките што ги увезуваат се во согласност со правилата на земјата на потекло. Ова ги вклучува и човековите права и заштитата на домородното население.

    Претседателот на Комитетот за животна средина на Европскиот парламент, Паскал Канфин, рече дека овој договор е прв од ваков вид во светот.

    „Европа ќе ја затвори вратата за секојдневните производи кои имаат големо влијание врз глобалното уништување на шумите. Нивните увозници мораат да покажат дека не доаѓаат од обесшумени области. Тоа е кафето што го пиеме наутро, чоколадото што го јадеме, јагленот што го користиме за скара, хартијата во нашите книги. Тоа е радикално, и тоа е она што ќе го направиме“, рече Паскал.

    Шумите ширум светот се повеќе се загрозени од уништување. Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) проценува дека од 1990 до 2020 година се уништени 420 милиони хектари шума. Тоа е повеќе од површината на ЕУ.

    Повеќе од 100 земји минатата година ветија дека ќе го запрат уништувањето на шумите до 2030 година. Шумите се важно природно средство за отстранување на стакленички гасови од атмосферата, бидејќи растенијата апсорбираат јаглерод диоксид додека растат.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img