Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиСрбија извезла ракија во вредност од 10 милиони евра

    Србија извезла ракија во вредност од 10 милиони евра

    petel baner

    Извозот на ракија од различно овошје во Србија е зголемен за околу 30 отсто од јануари до септември годинава во однос на истиот период во 2021 година и достигнал вредност од над 10 милиони евра.

    По вредност, најмногу ракија Србија извезува во Хрватска, Германија, Црна Гора, САД и Босна и Херцеговина.

    Agrobot

    „Највисок раст на вредноста на извозот годинава е забележан на швајцарскиот пазар. Дополнително, нашите производители освојуваат нови пазари како Кипар, Азербејџан, Малта“, велат од Здружението за растително производство и прехранбена индустрија PKS.

    Во Регистарот на производители на силни алкохолни пијалоци во Србија моментално се активни околу 930 производители. Во последниве години во Регистарот во просек се евидентирани околу 100 нови производители, додека одреден број се бришат од Регистарот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Според податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија, се проценува дека годинава родот на сливата ќе биде за 15 отсто поголем во однос на минатата сезона. Па се предвидува натамошен раст на производството и извозот на ракија, бидејќи околу 70 отсто од тоа овошје се преработени во овој алкохолен пијалок.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img