домаАгро ВестиСаем на мали семејни винарии во Кавадарци

Саем на мали семејни винарии во Кавадарци

Pneumatik baner

Во Кавадарци во сабота, 17 декември, ќе биде организиран саем на мали тиквешки семејни винарии.

На саемот ќе присуствуваат над 35 мали винарии, а посетителите ќе имаат можност да дегустират над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од 4 производители.

Организаторите велат дека цел на настанот е да ги поттикнат Македонците да купуваат производи од малите винарии.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

Оние кои ќе го посетат саемот ќе имаат можност да се уверат во одличниот квалитет кој го нудат винариите. А на таков начин ќе го разгласат фактот дека во Македонија има квалитетно вино кое го произведуваат малите тиквешки винарии.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Поголемиот дел од винариите-изложувачи имаат освоено многубројни награди и признанија на престижни светски саеми. А тоа укажува на фактот дека малите семејни винарии се новите амбасадори промотери на македонското вино ширум светот.

petel baner

Саемот ќе започне во 12:00 часот и ќе трае се до 17:00 часот, а ќе се оддржи во Ангро Палас во Кавадарци. Секој заинтересиран може да го посети саемот и да се запознае со многу нови вкусови вино. Влезицата на саемот е 200 денари.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img