Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваДомашен мармалад од костени

    Домашен мармалад од костени

    petel baner

    Освен што е вкусен, костенот е многу здрав и има бројни предности. Не содржи глутен па од неговото брашно можат да се зготват бројни јадења што посебно ги радува луѓето чувствителни на глутен.

    Во сезоната на костени може да си направите и вкусен мармалад од овие плодови.

    Костените треба прво да се сварат, а за да полесно ги излупите, подобро е прво да ги скршите на половина и да ги потиснете под преса за лук.

    Otkup na kompiri

    Состојки:

    1 кг костени

    400 гр шеќер

    400 мл вода

    1 мешунка со ванила

    1 лажица рум

    кори од два портокала

    Подготовка:

    Костените засечете ги малку и ставете ги во ладна вода, па варете ги половина час. Откако ќе се сварат, излупете и измиксирајте ги во вид на пире.

    Сварете сируп од вода, шеќер и корите од портокалите, околу 15 минути, па процедете.

    agrounik

    Сирупот додајте го во пирето од костени и мешунката со ванила, па смесата варете ја на слаб оган, околу половина час или додека не се згусне.

    Извадете ја мешунката и додајте рум.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во рерна стерилизирајте тегли, па ставете ја жешката мармалада во нив и ставете го капачето. Свртете ги наопаку теглите, па ставете ги на ладно и мрачно место кога ќе се оладат.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img