Чаша варено вино е совршен начин да се згреете во студените зимски денови.
Ако сте љубители на слатки и топли напитоци, вино и овошје, тогаш ова за вас ќе биде вистинско уживање.
Подготовката нема да ви одземе многу време, а уживањето е загарантирано.
Топлите напитоци се нешто што се препорачува кога ќе дојде сезоната на вируси и настинки. Еднаш неделно подгответе добро варено вино и на добар пат сте да ја спречите борбата со течењето на носот, кашлањето и болките во грлото.
Состојки:
5 дл. полусуво црно вино
2,5 дл. вода
3 лажички шеќер
½ лажиче каранфилче
малку цимет
неколку резанки портокал
Подготовка:
Две лажички шеќер се топат на тивок оган. Кога ќе пожолти се прелева со водата, зголемете ја температурата на ринглата и оставете водата да зоврие.
Потоа додадете уште една лажичка шеќер, добро промешајте за сето тоа да се соедини и додадете вино. Кога ќе почне да пени тргнете го садот од ринглата, бидејќи овој напиток не треба да зоврие.
Додајте цимет и каранфилче, добро измешајте и истурете во чаша од подебело стакло со рачка.
Вареното вино се пие додека е топло, можете да го збогатите вкусот така што во него ќе додадете резанка од портокал.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK