Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Tuesday, May 28, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЏем од киви – вкусно есенско задоволство

    Џем од киви – вкусно есенско задоволство

    petel baner

    Дали некогаш сте се запрашале каков вкус има џемот од киви? Дали некогаш сте размислувале да направите џем од киви? Пробајте го, ќе бидете воодушевени!

    Џем од киви се прави брзо и лесно и е многу вкусен. Еве што ви е потребно да го направите.

    Состојки:
    1 кг киви
    600 г шеќер
    малку лимонов сок и рендана кора од лимон
    1 кесичка желатин или џем фикс

    Начин на подготовка:

    Излупете го кивито и добро измијте го. Исечкајте го на ситни коцки и истурете го шеќерот, во кој сте го додале желатинот, малку сок од лимон и рендана кора од лимон (по желба).

    Варете во поголем сад, на средна топлина, мешајќи нежно, додека не се појави сок и не се раствори целосно шеќерот.

    Особено е важно да го варите џемот на пониска температура. Овошјето треба да стане стаклесто и да ја задржи специфичната зелена боја. Белата пена која ја испушта за време на варењето внимателно собирајте ја со лажица и исфрлете ја од садот.

    Agrobot

    Доколку сакате во џемот да се чувствуваат покрупни парчиња овошје, ова е крајот на рецептот.

    Во спротивно, ако преферирате мазна структура на џемот, со помош на рачен блендер, блендирајте ја смесата додека не стане кашеста и мазна.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Префрелете го џемот во топли стерилизирани тегли и превртете ги, со капачето надолу. Оставете ги добро да се оладат на овој начин.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img