Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЛушпа од орев - Како да ја искористите за побрз раст на...

    Лушпа од орев – Како да ја искористите за побрз раст на косата и зајакнување на коренот?

    petel baner

    Лушпа од орев е еден од најефективните и најевтините препарати за запирање на опаѓање, зајакнување на коренот и стимулирање на растот на косата.

    Agrobot

    Што ви е потребно?

    • 6 зелени ореви (а ако се зрели, тогаш ја користиме само лушпата од шест ореви)
    • десет листови од орев
    • 1 литар вода
    • Лонец (по можност постар бидејќи јаткастите плодови можат да го извалкаат)

    Подготовка:

    Земете една кеса и ставете ореви во неа. Со чекан ја удираме орев по орев, но не силно за да не се скине кесата. Во лонец се ставаат изгмечените ореви, се додаваат десет листови и литар вода. Ставете го на шпорет и оставете ја водата да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете да се вари десетина минути.

    Како се употребува лушпа од орев за коса?

    Вака подготвениот чај се лади и е подготвен за употреба. Може да се користи три дена по ред неделно (има рок само три дена од денот на подготовка). Може да се нанесе на целата коса. Овој чај може да ја затемни косата до три нијанси, а може да се нанесе само на скалпот доколку ја имате саканата нијанса на коса. Не се препорачува за блондинки токму поради горенаведеното.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кога ќе го нанесете чајот на корените/должините, оставете го да се исуши, за да не се исплакне. Чајот во овие три дена ја менува бојата. Првиот ден е светло кафен, а третиот ден е многу темно-темно кафен/црн. За оние кои сакаат да ја потемнат косата, најдобро е да ја нанесат на целата коса дури третиот ден.

    Покрај употребата на горенаведениот начин, може да се користи и со преливање на чајот врз целата коса по редовно миење на косата. Нанесување на маската за коса се врши од ушите надолу, се извртува косата во пунџа и исплакнете сè со млака вода после четириесет минути.

    Резултатите од користењето на овој чај се фантастични. Лушпата од орев го храни коренот на косата, го спречува и запира опаѓањето на косата, го стимулира растот на косата, а доколку се користи на целата должина, косата добива здрав сјај и изгледа побујно и поздраво. Општо е познато дека потемната коса изгледа погуста и уредна. Овој чај е и еден од најефикасните препарати против опаѓање на косата предизвикано од хормонски проблеми – забрзана/бавна функција на тироидната жлезда и опаѓање на косата после породувањето.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img