Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро ВестиДвојно зголемена употребата на пестициди во овоштарството во ЕУ

    Двојно зголемена употребата на пестициди во овоштарството во ЕУ

    petel baner

    Европските земјоделци не ги поддржуваат напорите употребата на пестициди во овоштарството да се сведе на минимум, предупредува организацијата Pesticide Action Network Europe.

    Иако европската стратегија планира да ја преполови употребата на овие хемикалии до 2030 година, последниот извештај покажува дека овошјето никогаш не било позагадено како во последните години.

    Повеќе од 44.000 примероци на свежо овошје биле анализирани во земјите членки на Европската Унија од 2011 до 2020 година. Откриено е дека контаминацијата со пестициди на јаболката, крушите и сливите е речиси двојно зголемена од првата година од истражувањето.

    На врвот на листата се најдоа крушите со 49% присуство на пестициди, грозјето со 44%, јаболката 34%, сливите 29% и малините 25%.

    При изработката на извештајот биле земени предвид и најмалите остатоци од пестициди пронајдени на овошјето.

    Во документот наречен „Рај за пестициди“, особено беше посочено дека во 71% од крушите од Белгија, пестициди се пронајдени барем во траги. Кај холандските 70% и 68% кај португалските круши. Во тие десет години биле тестирани околу 17.700 примероци од јаболка. Содржината на пестициди се удвоила на крајот на овој период.

    Кога станува збор за јаболката, во 2020 година најзагадени биле оние од Холандија со 71%, потоа следат Грција со 54% ​​и Португалија со 50%. За сливи се испитани 4.650 примероци, а резултатите покажале зголемување на контаминацијата од 81%.

    Agrobot

    Оваа организација во својот извештај го коментираше десетгодишното истражување.

    При што заклучи дека законите на ЕУ за забрана на најштетните пестициди и контаминација на овошје. Која е поголема од кога било досега, покажале целосен неуспех.

    „До 2018 година Европската комисија беше загрижена за ваквата состојба на пазарот, но не гледаме дека се преземени конкретни мерки“, обвинуваат од PAN Europe и додаваат дека ЕУ се свртува кон целосна употреба на хемикалиите во производството. Истовремено, потрошувачите велат дека пред се квалитетот е под знак прашалник. Но дека тоа е данок на политиката за производство на совршени плодови. Со години сме сведоци дека на пазарот се бара овошје со изедначен изглед. Да речеме јаболка исклучиво со црвена боја, плодови со иста големина…

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Истражувачите напоменуваат дека оваа студија е многу различна од сите претходни. Бидејќи покажува како начинот на кој се користат пестицидите во овоштарството се менувал во текот на една деценија. Додека плодовите од киви пред десет години беа речиси без овие хемиски супстанции (четири проценти). Сега речиси една третина (32%) се контаминирани. Исто така, половина од сите цреши земени како примероци биле контаминирани во 2019 година. Во споредба со 22 проценти во 2011 година.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img