Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

32.8 C
Skopje
Tuesday, July 23, 2024

More
    домаАгро советиАмарант: Древна житарица, извор на најмоќниот антиоксиданс

    Амарант: Древна житарица, извор на најмоќниот антиоксиданс

    petel baner

    Амарант е древно растение од Јужна Америка, кое беше една од основните намирници на Ацтеките. Неодамна, благодарение на научните истражувања, ова растение повторно е во фокусот, а се смета за вистинско „складиште“ на хранливи материи.

    Ацтеките не биле единствените кои знаеле за амарант. Ова растение го користеле и старите грчки народи и го нарекувале „растението кое никогаш не венее“. Во Индија исто така е високо ценето и се верува дека дава неисцрпна сила и плодност. Постојат неколку видови амарант. Еден од видовите кај нас е познат како штир.

    Амарант и лековитост

    Амарантот најчесто се одгледува поради неговите семиња, кои имаат уникатен квалитет. Имено, содржи повеќе калциум, магнезиум и силициум отколку млекото. Семките имаат горчливо-сладок вкус, особено се вкусни кога малку се пржат и може да се додадат во секој производ. Брашното од семки од амарант не содржи глутен, го намалува нивото на шеќер во крвта и помага при слабеење и подобрување на функцијата на цревата. Ако се комбинира со некои други житарки, тој формира извор на амино киселини и протеини што е подобар од месото и другите намирници од животинско потекло.

    Сепак, не само семките се хранливи. Листовите се богати со витамин Ц, каротин, флавоноиди, соли, калциум, калиум, цинк, манган. Тие успешно се користат за лекување на гастритис, дијабетес, панкреас, болести на бубрезите и црниот дроб. По вкус е сличен на спанаќот.

    Маслото од амарант е извор на сквален, најмоќниот антиоксиданс. Сквален, патем, се создава во човечкото тело при нормални физиолошки процеси. Сепак, во текот на животот, способноста да се синтетизира сквален се намалува. По 25-та година започнува благо намалување, а по 40-та година брзо се губи. Сквален има многу улоги во телото. Делува како антиоксиданс (ги неутрализира слободните радикали, го спречува оштетувањето на клетките и ткивата поради оксидативниот стрес, кои всушност се основа за развој на многу болести). Исто така, носи кислород во клетките и има антимикробно дејство (на пр. на колиформни бацили, стафилококи, стрептококи и габи). Маслото од амарант може да се конзумира и да се нанесува надворешно, а се користи за лекување на рани и разни кожни болести.

    Одгледување

    Амарантот може да расте на речиси сите видови почви, дури и на послабите. Сепак, расте во плодна, добро исцедена почва. Сака сонце, па затоа е важно да се избере добро осветлена парцела. Добро поднесува суша.

    На семињата им е потребна топла почва за да ‘ртат, а може да се оштетат од пролетните мразови. Затоа треба да почекате додека почвата не се загрее пред да сеете. Од друга страна, полесно е да се бере по лесен мраз во есен. Препорачаното растојание помеѓу редовите е 75 cm, а растојанието помеѓу растенијата во низа треба да биде 25 cm. Пред садењето, неопходно е да се додаде избалансирано органско ѓубриво во почвата.

    Амарантот се сее од средината на пролетта (кога температурата е најмалку 15 степени) до средината на летото, така што семето претходно се натопува и при сеидбата малку се покрива со земја. Неопходно е да се одржува влажноста на почвата додека не се појават садници. Ртењето трае 3-4 дена.

    За време на одгледувањето потребно е да се плеват додека растенијата не станат високи околу 10 см. Тие треба постепено да се разредуваат на растојание од околу 45 cm едни од други. Како што растат растенијата, тие ќе го засенат најголемиот дел од летниот плевел.

    agrounik

    Обично расте до висина од 1,2 – 2 метри.

    На високите сорти им требаат потпори за да ги држат исправени кога ќе станат премногу тешки со зрели гроздови. Кога ќе видите дека птици ги колваат или ако семето псе рони од гроздот кога нежно се допира – време е за берба.

    Бербата се врши на суво време, со свиткување на гроздовите, ставање на голема канта под него и сечење на гроздовите и паѓање во корпата. За чистење на семките обично се користи вентилатор за да се отстранат непотребните остатоци од семето, а исчистените семиња треба да се сушат во затворен простор со добра природна вентилација.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Што се однесува до приносот, тој варира во зависност од сортата. Ако се работи за продуктивна сорта, можете да добиете околу половина килограм семиња по растение.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img