Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

32.8 C
Skopje
Tuesday, July 23, 2024

More
    домаситеШто јадат најдолговечните луѓе?

    Што јадат најдолговечните луѓе?

    petel baner

    Сините зони се места со најголема концентрација на најдолговечните луѓе кои се познати по своите најздрави навики.

    Додека генетиката најверојатно игра улога во очекуваниот животен век во тие региони, истражувањата покажаа дека не треба да се занемарат ниту вежбањето, социјалните односи, нивото на стрес и исхраната.

    Најголемиот оброк во денот во сините зони е појадокот, а најмалиот е вечерата. Постојат неколку намирници кои најдолговечните луѓе ги јадат секој ден, а посегнуваат по здрави грицки пред ручек или вечера.

    Јаткасти плодови

    Јаткастите плодови се вообичаена храна во повеќето заедници во сината зона. Според National Geographic, откриено е дека во Лома Линда, луѓето кои јадат јаткасти плодови секој ден имаат подолг животен век, помалку холестерол, помалку воспаленија и помал крвен притисок од оние кои не ги јадат често.

    American Journal of Lifestyle Medicine наведува дека исхраната во сите пет сини зони се заснова на растенија, додека месото е само за повремено уживање. Поради ова, жителите поголемиот дел од мастите во исхраната ги добиваат од храна како јаткасти плодови и маслиново масло.

    Папаја

    Папаја е секојдневна храна за жителите на Никоја, Костарика и веројатно една од најздравите што ја јадат. Папајата е богата со витамини Ц, Е и А, а содржи и папаин, за кој е познато дека помага во намалување на воспалението во телото.

    Пченичен леб

    Заедничко за најдолговечните луѓе во светот е тоа што се држат настрана од бел леб. Наместо тоа, тие јадат интегрален леб или квасен леб.

    Авокадо

    Жителите на Лома Линда јадат претежно вегетаријанска храна. Авокадото е нивната основна храна. Според една статија на National Geographic за сините зони, авокадото е корисно за намалување на холестеролот и содржи 30 отсто повеќе калории од бананите. Утврдено е дека авокадото помага при контрола на тежината и го намалува ризикот од дебелина и дијабетес тип 2.

    Банани

    Освен папаја, жителите на Никоја секојдневно јадат и банани, овошје богато со калиум, витамин Ц и растителни влакна. Внесувањето доволно влакна во текот на денот е клучен дел од здравата исхрана. Влакна може да помогне да се намали ризикот од дијабетес, да се подобри здравјето на срцето, па дури и да се намали ризикот од некои видови на рак.

    Црн грав

    Црниот грав е дел од секојдневната исхрана во Икарија, Грција и е откриено дека има својства ефикасни во спречување на рак и дијабетес, како и корисен за здравјето на срцето.

    А жителите на Никоја, Костарика, јадат црн грав секој ден, често со тортиљи од ориз и пченка.

    agrounik

    Кафе

    Кафето се вбројува меѓу основната храна во најздравите заедници во светот. Важно е како се пие кафето. Стогодишниците најчесто го пијат црно, без шеќер и млеко.

    Чај

    Ако не пиете кафе или сакате да избегнете прекумерно внесување кофеин, чајот може да биде одлична алтернатива. Во Окинава, Јапонија, редовно се пие зелен чај со јасмин и куркума.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Зелениот чај може да помогне да се намали ризикот од одредени видови на рак, воспаление во телото, па дури и да го подобри здравјето на мозокот со текот на времето. Додека зелениот чај е еден од најздравите избори, многу други црни и билни чаеви исто така имаат многу здравствени придобивки.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img