Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

29.8 C
Skopje
Wednesday, July 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваСалеп – здрав напиток за вистинско зимско уживање

    Салеп – здрав напиток за вистинско зимско уживање

    petel baner

    Салеп – вкусен, топол, сладок пијалак, идеален за ладните зимски денови, а потекнува од Блискиот исток.

    Салепот содржи глукоманани – полисахариди што се растворливи во вода, и имаат својство на згуснувачи. Инаку салепот бил популарен пијалок во западна Европа пред да дојде кафето од Африка.

    Салепот во прав е сушен, мелен корен од неколку видови дива орхидеја.

    Кај нас салепот се приготвува од сушен, сомелен и преработен корен од обична орхидеја.

    agrounik
    Начин на подготовка:

    Една лажица салеп во прав се меша со чаша млака вода за да нема грутки. Една чаша млеко се загрева и потоа се додава разматениот салеп, по вкус може да се заслади со мед или шеќер. Се вари на умерена температура додека се добие погуста, по малку слузеста течност. Готовиот салеп се сипува во стаклени чаши или шолји, па по површината се посипува ѓумбир во прав или цимет.

    Се користи како средство за лекување воспаление на слузницата на цревата и желудникот, а особено за разни видови стомачни проблеми.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Салепот ја обложува оштетената слузокожа на дигестивниот тракт со заштитен слој кој спречува понатамошни оштетувања и им овозможува на оштетените места да закрепнат. Не само што го овозможува, туку и учествува во исцелувањето на слузокожата, во зајакнувањето на слузокожата и во функционалноста на дигестивниот тракт.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img