Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Thursday, October 10, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНесакани ефекти од чајот од камилица

    Несакани ефекти од чајот од камилица

    petel baner

    Чајот е здрав напиток, но сепак треба да се внимава при неговата употреба.

    Иако нуспојавите не се чести, чајот од камилица може да предизвика повраќање, поспаност и алергиски реакции како проблеми со дишењето, иритација и оток на устата, јазикот или лицето.

    Чајот од камилица не се препорачува за лицата кои се алергични на париче (бела рада), астер, хризантема или амброзија. Тој исто така може да реагира и во комбинација со некои лекови, па внимавајте доколку ги користите следните медикаменти:

    Otkup na kompiri

    Антикоагулантни средства и антиагрегативни лекови како варфарин, клопидрогел и аспирин. Користењето на овие лекови заедно со чај од камилица се поврзува со висок ризик од крварење.

    Лекови за регулирање на крвен притисок – камилицата може да предизвика загрижувачки низок притисок доколку се меша со овие лекови.

    Лекови за дијабетес – се зголемува ризикот од хипогликемија или екстремно ниско ниво на шеќер во крвта.

    agrounik

    Седативи (барбитурати, антидепресиви, бензодиазепини и лекови против срцев удар) и лековити билки (валеријана). Нивната сила може значително да се зголеми кога воедно се консумира и чај од камилица.

    Лекови кои се разградуваат во црниот дроб како статини, антимикотични лекови и фексофенадин. Црниот дроб ја разградува камилицата и постои можност да реагира со лекови кои ја вршат сличната улога.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    За да избегнете појава на несакани ефекти, направете алерго тест или консултирајте се со својот лекар за да знаете дали вашето тело може да ја поднесе оваа билка.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img